Македонија

Македонска експлозија во Грција, македонски песни се пееле само во 4 села а сега …

Стравот е се помал, сега грчките партии зависат од нив

Во Грција се случува Македонска експлозија информираат македонски активисти во Егејска Македонија кои откриваат огромни промени за кој граѓаните на Македонија не се многу информирани.

Македонските активисти во видео што го објавува профилот Егејски Глас велат дека до пред 35 години македонски песни се пееле само во 4 села а сега македонска музика се слуша јавно во над 200 населени места во Егејскиот дел на Македонија на грчка територија.

Годинава за прв пат асоцијација на македонски организации јавно ги предупреди грчките власти да го спречи притисокот кој се случува од страна на радикални грчки организации против собирите на Македонците во овој дел на Грција.

Македонците во Грција ја разбираат моќта што ја имаат на локалната политичка сцена каде што од нив зависи изборот на локални и национални политички претставници и веќе не се плашат да кажат дека секој притисок врз Македонците ќе има директно влијание на партиите на следните избори.

Во последниве години таканаречените панаѓури или собири на Македонците каде се слуша македонска песна и се играат македонски ора се случуваат и во села каде до пред десетина години поради страв од одмазда од грчката држава не можеше да се замисли такво нешто.

Изјавите на македонските активисти на линкот

https://www.facebook.com/share/v/18mB2Qdn4A/

Какви песни меѓу другите се пеат на соборите на Македонците во Грција може да свири од следниот текст и видео

Егејки мајки

Душа за ништо не се продава
крвта со вода не се менува.
Господ ни дарил долги корени,
признајте еднаш: не сме Елини
признајте еднаш: сме Македонци.

Егејки мајки нè родија,
тие со Егеј нè задоија.
Мајчинска клетва ни оставија,
клетва за нашата Македонија.

Тие што тешки маки тргале,
својата судба ја проколнале.
Само што пеат песни нашински,
само што мислат на македонски.

Егејки мајки нè родија,
тие со Егеј нè задоија.
Мајчинска клетва ни оставија,
клетва за нашата Македонија.

Зошто пред Бога да се мразиме,
верата иста да ја газиме?
Пред него зошто да сме душмани,
признајте еднаш: не сме Елини,
признајте еднаш сме Македонци.

Егејки мајки нè родија,
тие со Егеј нè задоија.
Мајчинска клетва ни оставија,
клетва за нашата Македонија.

Најнови вести од: Македонија

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Пола Скопје ќе биде затворено за сообраќај – стартува 22. издание на „Виз Ер“ Скопскиот маратон

Од Министерството за внатрешни работи апелираат граѓаните да го избегнуваат движењето по овие сообраќајници во периодот од 06:00 до 14:00 часот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници на терен.

(Видео): Државата е енергетски стабилна, се очекува поевтинување на горивата, вели Мицкоски

Државата не е голем потрошувач на гас и постои план за справување со можните предизвици, велат од Владата. Премиерот кажа и дека разговарал со големите нафтени компании. Премиерот очекува и поевтинување на горивата веќе од следната недела.

To top