Македонија

Македонскиот научник Петар Поповски избран за член на Кралската данска академија

Угледниот македонски научник и долгогодишен професор на Универзитетот во Олборг

Угледниот македонски научник и долгогодишен професор на Универзитетот во Олборг, Петар Поповски, објави дека е примен за член на престижната Кралска данска академија на науките и книжевноста.

„Привилегиран сум што станав член на Кралската данска академија на науките и книжевноста, чијшто некогашен претседател е еден од моите херои, Нилс Бор. Би сакал да им се заблагодарам на научниците што ја поддржаа мојата номинација и со нетрпение очекувам да придонесам за активностите на Академијата преку призмата на теоријата на комуникацијата и технологијата“, напиша Поповски на социјалните мрежи.

Од Кралската академија соопштија дека 30-те новопримени членови ќе бидат дел од напорите за зајакнување на научните истражувања во корист на општеството, следејќи ги стапките на истакнати научници како Нилс Бор и Ханс Кристијан Орстед.

Петар Поповски, роден во Охрид во 1973 година, дипломирал на Електротехничкиот факултет во Скопје во 1997 година, магистрирал во 2000 година, а докторирал во 2004 година на Универзитетот во Олборг во областа на безжичните комуникации.

Тој е еден од водечките светски експерти за безжични комуникациски системи и комуникациска теорија. Покрај ангажманот на Универзитетот во Олборг, Поповски е визитинг професор на Универзитетот во Бремен, главен уредник на IEEE Journal of Selected Areas in Communications, претседател на IEEE Communication Theory Technical Committee и член на Данскиот истражувачки совет за технологија и производство.

Во својата богата научна кариера е автор или коавтор на повеќе од 300 научни трудови објавени во реномирани списанија и конференции, а зад себе има и повеќе од 30 патенти и патентни пријави.

Неговата сопруга, Искра Дуковска-Поповска, исто така е дел од академската заедница како вонреден професор на Универзитетот во Олборг, каде што работи во областа на управување со операции, синџири на снабдување и одржлив развој.

Најнови вести од: Македонија

Мирис на свадбарски купус, домашни специјалитети и есенска дружба: Утре „Есенско пазарче“ во Ново Село, Кумановско

Утре, 25 октомври, во Туршијара „Суперкиз“ во Ново Село посетителите ги очекуваат традиционални вкусови, настап на фолклорниот ансамбл „СРМА“, детски активности и работилница за компост. Пазарчето започнува во 10:30 часот.

Милошоски: Македонија е добро позиционирана и кон САД, но и кон ЕУ

Македонија може да води избалансирана и стратешки усогласена надворешна политика, која ќе овозможи истовремено продлабочување на стратешкото партнерство со САД преку дијалогот за стратешко партнерство како и зајакнување на политичките и економските врски со европските партнери

Граѓани бараат враќање на сонцето од Кутлеш на споменикот „Судени за Македонија“

Сонцето од Кутлеш од споменикот беше избрусено во ноември 2022 година, четири години по потпишувањето на Преспанскиот договор кога Македонија презеде обврска дека ќе ја спроведе забраната за употреба на 16-кракото сонце

Сиљановска-Давкова во Будимпешта: Унгарската револуција е траен симбол на борбата за слобода и достоинство

На средбата со унгарскиот колега, Андреш Бака, Сиљановска-Давкова се заблагодарила за принципиелната и гласна поддршка од Унгарија на македонските евроинтеграции и нејзиниот активен ангажман во рамките на „Вишеградската група“

To top