Македонија

Македонските песни во изведба на јапонскиот пејач Казухиро Котецу

За самиот крај, пред воодушевената многубројна публика, беше оставена неслучајно, туку со причина, култната „Македонско девојче“. Пред оваа песна, слушавме како Котецу магично ги пее на македонски јазик и „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ и „Ако умрам или загинам“ Сега веќе премногу добро познат – со текот на времето стана омилен јапонскиот пејач – […]

За самиот крај, пред воодушевената многубројна публика, беше оставена неслучајно, туку со причина, култната „Македонско девојче“. Пред оваа песна, слушавме како Котецу магично ги пее на македонски јазик и „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“ и „Ако умрам или загинам“

Сега веќе премногу добро познат – со текот на времето стана омилен јапонскиот пејач – Казухиро Котецу викендов одржа незаборавен концерт во Македонската филхармонија, со својата исклучителна интерпретација на македонските народни евергрини.  И тоа под многу симболичен наслов „Јапонското срце бие во македонски ритам“, во беспрекорна организација на „Термолифт“ од Куманово. Меѓу другите музички бисери ги слушнавме и „Ако умрам ил загинам“ и „Болен ми лежи Миле Поп-Јорданов“. Беше интересна изведбата на шегобијната песна „Коце берберот“ од репертоарот на легендарниот македонски пејач и композитор, Јонче Христовски. За самиот крај, пред воодушевената многубројна публика, беше оставена неслучајно, туку со причина, култната „Македонско девојче“. Овие внимателно избрани композиции ја истакнаа поврзаноста меѓу македонската и јапонската култура и меѓу двата народа, кои одлично се разбираат преку песната.  Покрај распеаниот, комуникативен, но и многу дружељубив Котецу, што се виде подоцна на одличниот коктел, учествуваа и јапонскиот женски хор „Tomoni Utao“ во пијано-придружба на Акико Каназава, македонската сопранистка Елена Васова, македонскиот мешан хор „Про-арс“ под диригентство на Сашо Татарчевски (ги исполни песните „По друм одам, мајче“, „Дервишко моме“ и „Калајџиско“), како и специјалните гости: пијанистот Иван Трајковски и јапонската сопранистка Чихиро Суганума.

Низ тие три распеани музички блока, магијата од зборови ја создаде познатата водителка, пејачка и шефица на женскиот хор „Фрида“, Сузана Турунџиева. Таа истакна дека Котецу секогаш знае да разнежи со своето маестрално пеење. Затоа не треба да се прераскажува за впечатоците. Тие се резултат на убава игра од силни емоции и позитивна енергија. Во публиката забележавме и доста познати македонски личности, кои беа дојдени да уживаат во пеењето на Котецу. И навистина уживаа.

Мотото на Котецу е „Љубовта кон земјата, културата и луѓето најсилно се слуша преку музиката“.

– Тоа го најдов во македонските народни песни, кои ми ја греат душата од првиот ден кога ги слушнав и кога научив, како Јапонец, да ги пеам на, за мене, милозвучниот македонски јазик – вели тој.

извор: Вечер прес

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

Мицкоски: Усниот дел од правосудниот испит треба да се полага единствено на македонски јазик

Писмениот дел од правосудниот испит да се полага на јазикот на кој е завршено високото образование, а усниот на македонски јазик. Ова е ставот на македонската Влада, кој денеска го соопшти премиерот Христијан Мицкоски, по вчерашното одбивање на ваквиот предлог од студентите Албанци, на средбата со министерот за правда, Јетон Шасивари.

Клековски: Со бугарската министерка се согласивме дека случајот со Ива е правно, а не здравствено прашање

Македонскиот министер за здравство Сашо Клековски изјави дека за време на средбата со бугарската министерка за здравство во Софија била постигната премолчена согласност дека случајот со Ива Михаилова не е прашање од областа на здравството, туку од надлежност на правосудните институции.

Се разгледуваат две локации за новиот Клинички центар во Скопје – вложувања во здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево

Две локации во близина на болницата „8 Септември“ се разгледуваат за изградба на новиот клинички центар во Скопје, а преговорите за изборот на парцелата треба да завршат до крајот на годинава, најави премиерот Христијан Мицкоски. Истовремено, Владата подготвува инвестиции во три здравствени објекти во Штип, Тетово и Кичево, при што реализацијата на првиот проект би можела да започне во летото 2027 година.

To top