Македонија

Малески: Одбивајќи дијалог за заедничката историја со Бугарија ја губиме иднината?! Не треба да се разбере дословно дека секој народ ја пишува својата историја!

Ќе треба „да се подготвиме за маратон“

Во колумната со наслов „Македонски парадокс: иднината ни е извесна, неизвесно ни е минатото“,  која ја објави информативниот портал „Либертас“, покрај другото, натаму Малески наведува:  Грција нѐ бркаше надвор од својата историска „територија“, а ние се туркавме внатре. Денес се случува обратното со Бугарија. Затоа бегаме од она што Унијата ни го препорачува како решение со „францускиот предлог“ и со фамозниот втор протокол: преку дебата да дојдеме до решение во вид на историска интерпретација која се темели врз „објективни,автентични и докажани историски извори и документи“. Но, тоа не е можно зашто нашите историчари во Заедничката историска комисија и актуелното политичко раководство едноставно одбиваат да дебатираат за нешто што тие велат дека не постои: заедничка историја.

Европскиот парламент, прифаќајќи го амандманот на Бугарија, вели дека:„Силно ја поттикнува заедничката експертска мултидисциплинарна комисија за историски и образовни теми на Бугарија и Северна Македонија, востановена со Договорот за добрососедство со Бугарија,да оствари јасни и опипливи резултати; текстовите треба да ја одразуваат интерпретацијата на историските факти и бројки од заедничката историја на двата народи базирана врз објективни, автентични и со докази базирани историски извори и документи, наведени во вториот протокол и договорот за Добрососедство со Бугарија“. Тоа е уште еден доказ дека исто онака како што ЕУ застана зад Грција и нивната, а не нашата интерпретација на антчкото минато, така и денес таа е зад Бугарија и бугарското толкување на заедничкото минатото со Македонците.

Дали е причината за ваквиот нивен став во „железниот закон“на меѓународната политика дека сојузите се формираат, за да ги бранат интересите на своите членки? Делумно да, но главно заради фактот што вистината им е важна. Членките на Унијата одлучно застанаа зад Бугарија околу темата за заедничко минато меѓу Македонците и Бугарите.Зашто и тие имаат историчари, кои ги советуваат нивните политичари за историски теми од Балканот. Овој факт треба да го имаат и нашите политичари како и нашите историчари, наведува Денко Малески во својата колумна, со која всушност застанува, што директно, што индиректно во одбрана на бугарските позиции дека автентичната и засебна македонска историја е бугарска историја.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Битола во силен развоен циклус – инвестиции, инфраструктура и проекти што го менуваат градот, рече Коњановски

Проект поддржан од Владата во вредност од над 40 милиони денари, со што ќе добиеме прекрасна спортска сала над 1000 метри квадратни за да можат нашите боксери кои нижат успеси да добијат адекватни услови за спортување. А тука создаваме можност и за тие кои се занимаваат со авантуристички спортови, рече Коњановски.

Теророт врз Македонците во Грција и злогласниот закон на Метаксас од 7.9.1938 за забрана на македонскиот јазик!

На 7 септември 1938 година, диктаторскиот режим на Јоанис Метаксас во Грција го донесе Законот (Правен акт) 2366, со кој радикално се засили претходната забрана и целосно се криминализираше употребата на македонскиот јазик во Егејска Македонија — вклучително и во интимата на сопствениот дом и во кругот на семејството.

Се очекуваат 50 илјади лица на утрешниот концерт на Дејвид Гета по повод 35 години независност на Македонија!

Вратите на Градскиот стадион ќе се отворат утре во 17 часот. Претставници од Министерството за внатрешни работи и Авалон продукција денеска на прес-конференција апелираа до граѓаните да пристигнат навремено, да ги почитуваат насоките од полициските службеници.

To top