Македонија

Меџити: ДУИ цели да се врати на власт преку меѓуетничка омраза и дестабилизирачки сценарија, раководени од Груби и финансирани од руско-српското подземје

„Вицепремиерот Изет Меџити реагираше остро кон Демократската унија за интеграција, обвинувајќи ја дека нема визија како опозиција и оти се обидува да се врати на власт преку ‘дестабилизирачки сценарија и меѓуетничка омраза’.“ – објави информативната агенција на албански јазик „Журнал“. Натаму агенцијата наведува: Според Меџити, „зад овие сценарија стои и со нив раководи  ‘шефот во […]

„Вицепремиерот Изет Меџити реагираше остро кон Демократската унија за интеграција, обвинувајќи ја дека нема визија како опозиција и оти се обидува да се врати на власт преку ‘дестабилизирачки сценарија и меѓуетничка омраза’.“ – објави информативната агенција на албански јазик „Журнал“.

Натаму агенцијата наведува: Според Меџити, „зад овие сценарија стои и со нив раководи  ‘шефот во бегство’ на лажните вести и на дезинформациите, што се финансирани од руско-српската структура од подземјето и кои се инсталирани преку мрежите за коцкање и казината, внесени од ДУИ во земјава.“

„Не успеаја со Таравари. Не успеаја со Данела Арсовска. Сега ја обвинуваат Вреди за секој свој неуспех! Самите го отстранија балансерот, но потоа рекоа: ‘Вреди е виновна!’ Го оставија недовршен законот за албанскиот јазик и повторно: ‘Вреди е виновна!’ Го попишаа иселеништвото со методологијата, која тие ја предложија, но денес и за тоа им е виновна Вреди! Ова е прирачникот на старата пропаганда: измислица, поделба и прикажување себеси во улога како жртва.“ – напиша Изет Меџити на фејсбук.

Меџити додава дека „Албанците повеќе немаат доверба во оние што бегаат од правдата и кои бараат да се вратат на власт преку хаос“. – објави „Журнал“.

 

 

Најнови вести од: Македонија

Дезинформациите ја загрозуваат иднината на македонското рударство

Геологот Ѓорѓи Димов, кој е и декан на Факултетот за природни и технички науки во Штип, изјави дека рударството и геологијата имаат огромно значење за економскиот развој на нашата држава, но и за нејзината иднина.

To top