Македонија

Меџити ја посети Медресата „Иса Бег“ во Скопје

Вицепремиерот Изет Меџити, во придружба на лидерите на коалицијата ВРЕДИ, Билал Касами и Зеќирија Ибрахими, како и заменик-министерот за образование и наука, Љуљзим Алиу, ја посети Медресата „Иса Бег“ во Скопје, два дена по усвојувањето од страна на Владата на Законот за Медресата „Иса Бег“. Со оваа историска одлука, по повеќе од четири децении, ова […]

Вицепремиерот Изет Меџити, во придружба на лидерите на коалицијата ВРЕДИ, Билал Касами и Зеќирија Ибрахими, како и заменик-министерот за образование и наука, Љуљзим Алиу, ја посети Медресата „Иса Бег“ во Скопје, два дена по усвојувањето од страна на Владата на Законот за Медресата „Иса Бег“. Со оваа историска одлука, по повеќе од четири децении, ова верско средно училиште е формално вклучено во образовниот систем на Република Македонија.

Владината делегација беше пречекана од директорот на Медресата, Ислам Ислами, поглаварот на Исламската верска заедница, Шаќир ефенди Фетаху, и скопскиот муфтија, Ќенан Исмаили.

„Дојдовме тука за да констатираме и потврдиме дека се отстранува една неправда и дискриминација од минатото“, изјави заменик-премиерот Меџити. „Од сега, Медресата ‘Иса Бег’ ќе се третира еднакво како и секое друго училиште. Години наназад немавме одговор зошто дипломите на учениците што ја завршуваа оваа медреса не беа признати и зошто тие не можеа да се запишат на факултет. Со овој закон, таа неправда се отстранува. Раководството на медресата од сега ќе се фокусира на квалитетот на наставата и условите, бидејќи правните прашања се веќе решени. Сме во координација со претседателот на Собранието, г. Африм Гаши, овој закон да се стави во приоритет пред одморот или од септември, за медресата да функционира легално и да придонесе за зголемување на интересот и квалитетот,“ нагласи Меџити.

Поглаварот на ИВЗ, Шаќир ефенди Фетаху, оцени дека законот претставува круна на повеќе од 40-годишни напори.

„Сега медресата и нејзините ученици се изедначени со сите ученици од другите средни училишта во државата. Со усвојувањето на овој закон, се очекува значително зголемување на интересот за следење на наставата во ова училиште низ целата територија на Македонија. Сите млади кои ќе одлучат да се школуваат во Медресата ‘Иса Бег’ сега имаат сигурност дека ќе можат да ги продолжат студиите на универзитети дома и во странство,“ рече тој.

Зеќирија Ибрахими објасни дека законот ќе има и ретроактивно дејство за поранешните генерации.

„И учениците што ја имаат завршено медресата претходно ќе имаат можност да ги полагаат дополнителните предмети што не биле дел од претходниот наставен план, а потоа да полагаат државна матура и да се запишат на универзитет,“ рече И брахими.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Со Макрон и Мерц разговарав за можностите да се даде поттик за европскиот пат на земјите од Западен Балкан

Според неофицијалниот документ претставен од Франција и од Германија од самитот кој се одржа на почетокот на јуни, исполнувањето на одредени критериуми за прием ќе биде наградено со привилегиран пристап до заедничкиот европски пазар и можноат да се испратат набљудувачи во европските институции

Инфо денови во Свети Николе и Неготино: 22,3 милиони евра за грантови за 2.043 лица да отворат сопствен бизнис, за два дена над 1300 апликации

Информативни денови за презентирање на мерките од Оперативниот план за вработување за 2026 година денес се одржаа во општините Свети Николе и Неготино

Мицкоски: Провокациите се дел од организирана бугарска кампања

Премиерот Христијан Мицкоски во интервју за МРТ, по повод две години од мандатот на Владата, изјави дека зад провокациите што се случуваат во последниот период стои организирана бугарска кампања, која се спроведува преку еден или двајца политички ликови во земјава.

Мицкоски: Можно е реконструкцијата да биде поголема од една третина од владините функционери

Во гостување во „Отворено студио“ на Македонската телевизија, преммиерот посочи дека реконструкцијата не се прави исклучиво врз основа на постигнатите резултати, туку и поради променетите приоритети на владините коалициски партнери

To top