Македонија

Место да ги осуди антимакедонските фактори бугарскиот амбасадор ,,внимава” на медиуми и јавни личности во Македонија

Внимание кое звучи како закана од Софија за македонските медиуми

Наместо јавно да ги осуди и да се огради од антимакедонските фактори во Бугариха бугарскиот амбасадор во земјава Жељазко Радуков јавно порача дека тој,,внимава” на одредени медиуми и јавни личности во Македонија.

Причината за ,,вниманието” од Радуков кое може да се доживее како закана за македонски медиуми е тоа што во извештаите за поведението на бугарската ,,Фондација Македонија” таа била нарекувана антимакедонска.

Заканувачката порака од Радуков дојде откако македонските медиуми јавија за најавената блокада на македонската граница која ја организираше бугарската Фондација Македонија а која за тоа доби дозвола од бугарските власти.

Иако и самиот апелираше да нема блокада Радуков реагира зошто фондацијата предводена од, според повеќе извори во земји членки на ЕУ и НАТО, рускиот прокси играч Виктор Стојанов е наречена антимакедонска.

Радуков е искусен дипломат кој долги години е активен во Скопје но никогаш не бил самиот наречен антимакедонски.

Радуков кој треба да знае зошто фондацијата Македонија и Виктор Стојанов се сметаат за дел од руските операции на Балканот знае и зошто таа е антимакедонска но сепак ја брани а им упатува заканувачка порака на македонските медиуми.

Ако не знае еве потсетување за амбасадорот

Бугарската фондација „Македонија“ се смета за антимакедонска во јавноста пред сè поради нејзините националистички и провокативни активности кои директно го негираат македонскиот идентитет, јазик и историја, како и поради постојаните обиди за дестабилизација на билатералните односи меѓу Македонија и Бугарија.

Главните причини за ваквиот статус во македонското општество се поделени во неколку клучни точки:

Негирање на македонската посебност

Асимилаторска реторика:

Фондацијата и нејзиниот лидер, Виктор Стојанов, отворено ја застапуваат тезата дека Македонците се „етнички Бугари“ и дека македонскиот јазик е само дијалект на бугарскиот.

Пропагандни активности:

Организацијата често дистрибуира бугарски книги, историска литература и пропагандни материјали во Македонија со цел вештачко ширење на бугарското влијание и менување на свеста на локалното население.

Провокации и дестабилизација

Блокади на границите:

Фондацијата редовно користи радикални методи за притисок. Еден од најсвежите примери е нивната најава за блокада на трите гранични премини Деве Баир, Делчево и Ново Село, со цел вршење притисок врз македонските власти.

Овие постапки беа оценети како контрапродуктивни дури и од страна на официјалната бугарска дипломатија.

Барања за санкции:

Организацијата директно лобира на меѓународен план против евроинтеграциите на земјата и јавно бара санкции за Македонија и македонските политички лидери.

Оцрнување на државата:

Преку социјалните мрежи и медиими на македонски јазик под нејзина контрола фондацијата постојано креира наратив дека во Македонија се врши „системски прогон и терор“ врз граѓаните со бугарска самосвест, што македонските институции го отфрлаат како фабрикувана невистина со цел да се наруши имиџот на државата.

Забрана за влез на лидерот во земјава

Безбедносен ризик:

Поради радикалното однесување, поттикнувањето национална омраза и загрозувањето на националната безбедност, македонските безбедносни служби му имаат изречено доживотна забрана за влез во Македонија на претседателот на фондацијата, Виктор Стојанов.

Поради сите овие дејствија, кои во Македонија се доживуваат како агресивен чин на негирање на македонскиот суверенитет и идентитет, оваа организација во македонскиот медиумски и општествен простор се рефлектира исклучиво со епитетот „антимакедонска“.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски во Берлин на собир на ,,Коалицијата на волните”

Премиерот Христијан Мицкоски, заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, денеска во Берлин учествуваше на состанокот на Коалицијата на волните посветен на актуелната состојба во Украина и напорите за постигнување мир

АмЧам: Реформите, иновациите и меѓународните стандарди предуслов за подобра здравствена заштита

Американската стопанска комора во Македонија е акредитиран член на Стопанската комора на Соединетите Американски Држави и на мрежата на Американски стопански комори во Европа, организација која претставува 49 Американски стопански комори од 47 земји во Европа и Евроазија.

Велјановски до опозицијата: Не може да се заборави како ја пљачкавте државата

На денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет каде се дискутираше Предлог-Буџетот за 2027 година, пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Велјановски, кажа дека и покрај долговите наследени од претходната влада, предводена од СДС, кои се тежок товар за државата, оваа Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи со силни инвестиции, со работа на фискална консолидација, но и со зајакнување на здравствената и социјалната заштита на граѓаните.

Ристески: Клучен приоритет на Владата е да ги задржи младите во Македонија

Законот за сезонски работници што е во сила од 1 јануари 2026 година, сѐ уште не ги дава очекуваните резултати, но ова не е закон направен за една година. Затоа организираме информативни средби и настани со помош на медиумите, стопанските комори, работодавачите и синдикатите – за да ги анимираме луѓето дека пензионери, студенти, оние кои сакаат дополнително да работат и сите категории невработени лица можат да го искористат, без притоа да го изгубат стекнатиот статус, да имаат комплетно пензиско и здравствено осигурување, фер ангажман, платен работен час колку што се ангажирани дополнително и со тоа да остварат дополнителни приходи – рече денеска заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески.

To top