Македонија

Мицевски: Според политичка агенда од Бугарија радикални маргинални структури се обидуваат да предизвикаат вештачки судир со симболите на македонската државност и борба!

„Последниот обид на Левица, да поднесе закон за забрана на името ВМРО е директна нарачка од круговите, што со децении работат против македонскиот идентитет.“ – нагласи Никола Мицевски

„Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски на денешната прес-конференција обвини дека радикални маргинални структури се обидуваат повторно да предизвикаат вештачки конфликти со симболите на државноста и борбата.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

Натаму агенцијата наведува: „Последниот срамен обид на Левица, да поднесе закон за забрана на името ВМРО не е ништо друго освен директна нарачка од круговите, што со децении работат против македонскиот идентитет.“ – вели Мицевски.

Според него, ова е истата таа агенда што со години се промовира од политички и академски структури и центри во Бугарија:
– Македонија да се откаже од своето револуционерно минато.
– ВМРО да се претстави како „контроверзен“, или „непосакуван“ дел од историјата.
– Македонскиот народ да се откорне од своите херојски настани.

„Сега, истата таа агенда добива домашни извршители во форма на пратениците на Левица. Ова не е првпат да се случува. Во 2018 година имаше обид, со поддршка од тогашната власт на СДСМ, ДУИ и Специјалното јавно обвинителство (СЈО) како инструмент, да се укине ВМРО и да се измени законот. Тие обиди беа спречени благодарение на поддршката од пријателски држави и сестрински партии. Тогашната агенда беше разобличена.“ – посочува координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Мицевски.

Тој смета дека суштината на ова сценарио е фактот, што истата таа улога ја презема Димитар Апасиев, тогаш советник во СЈО, денес лидер на Левица. Според Мицевски, денес Апасиев е заслепен од сопствената ароганција и сам си ја потврдува улогата: дека е најобична алатка во туѓи раце.

„Алатка што кога нема да им користи, ќе ја заменат со нова. Но, ВМРО е повеќе од име. ВМРО е борба, истрајност, отпор и иднина. Затоа, како државотворна партија ВМРО-ДПМНЕ ќе ги заштити името, симболот и суштината на македонската борба за слобода. Ниеден обид за бришење на историјата нема да помине. Повторно ќе се види кој стои на браникот на Македонија, а кој, како испостава на туѓи интереси – работи против сопствениот народ. Историјата не може да се избрише со закон. ВМРО ДПМНЕ ќе продолжи посилно и порешително од кога било досега.“ – категоричен е Мицевски.

Најнови вести од: Македонија

Велешанка (61) касната од пајак „црна вдовица“, работејќи на поле во Еловец, Велешко – заврши на Токсикологија

Велешанката е хоспитализирана откако пред неколку дена била касната од пајак – „црна вдовица“ додека работела на поле во велешкото село Еловец. Побарала помош откако отровот почнал да делува, а по укажаната помош во Велешката болница префрлена е на понатамошен третман на Клиниката за токсикологија во Скопје.

Објавени се резултатите од првото издание на регионалниот поетски конкурс „Ars Lyrica Balcanica – Регионална поетска награда“

Жири-комисијата ги додели наградите врз основа на поетската вредност, автентичноста на авторскиот глас, стилската зрелост и целосниот книжевен впечаток на творбите.

Вреди: Корумпираното раководство на ДУИ, алчно за власт, оди против Рамковниот договор и го блокира законот за правична застапеност!

„Албанците дочекаа Али Ахмети да блокира Закон за правична застапеност и со тоа да урива еден од темелните принципи на Охридскиот рамковен договор, заради алчност за власт!“ – рече на денешната прес-конференција на Вреди портпаролот Дритон Сулејмани.

Стратешкиот притисок на Индија на Балканот и реалноста на глобалната дипломатија

Анализа на британска авторка која посетата на Мурму на Македонија ја поврзува со прагматската архитектура на меката моќ која се случува надвор од историската носталгија на Балканот

To top