Македонија

Мицкоски го посети ловиштето Јасен каде со денови трае борбата со огнената стихија

Премиерот Христијан Мицкоски Денеска заедно со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов го посети ловиштето Јасен каде што веќе неколку дена вработените во ДЗС, припадниците на специјалните единици во МВР, но и Министерството за одбрана се борат со огнената стихија овде. -Можам да кажам дека делумно е под контрола, иако се уште […]

Премиерот Христијан Мицкоски Денеска заедно со директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов го посети ловиштето Јасен каде што веќе неколку дена вработените во ДЗС, припадниците на специјалните единици во МВР, но и Министерството за одбрана се борат со огнената стихија овде.

-Можам да кажам дека делумно е под контрола, иако се уште во позадина има огромни јазици на пламен, дејствуваат и воздухопловите, дејствуваат и Ер тракторите заедно со хеликоптерите. Се надевам дека во најскоро време и овој пожар ќе биде ставен под целосна контрола, иако морам да кажам дека во текот на вчерашниот ден на територијата на Македонија имавме околу 34 активни пожари, од кои 33 се изгаснати. Денеска останатиот дел од територијата е целосно под контрола, немаме активни пожари, иако ситуацијата се менува од минута во минута.

Огромна благодарност до сите оние храбри луѓе кои се борат со оваа огнена стихија и која што ја ставаат под целосна контрола, извести премиерот.

Најнови вести од: Македонија

МВР со акција за поголема безбедност во сообраќајот

Министерството најавува дека ќе продолжи со засилените сообраќајни контроли со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот, а до сите учесници упати апел доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

To top