Македонија

Мицкоски: Големи светски финансиски институции изразија подготвеност да ја финансираат пругата од Коридор 10 под мошне поволни услови

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговараше на пратеничко прашање за капиталните инвестиции договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. Тој посочи дека постои сериозен интерес на големи финансиски институции за финансирање на капиталниот проект за изградба на пругата од коридорот 10 под поволни услови. „Дозволете ми да ве информирам како се развива овој проект и […]

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски одговараше на пратеничко прашање за капиталните инвестиции договорот за стратешко партнерство со Обединетото Кралство. Тој посочи дека постои сериозен интерес на големи финансиски институции за финансирање на капиталниот проект за изградба на пругата од коридорот 10 под поволни услови.

„Дозволете ми да ве информирам како се развива овој проект и што е суштината на тој проект. Накратко кажано да ни биде големата работа поедноставена, е дека Обединетото Кралство гарантира за нас пред странските финансиски институции за финансиските средства кои ќе ги подигнеме како кредит за да ги реализираме овие проекти. Ќе биде пријатно изненадувањето за граѓаните, а се надевам и за опозицијата, бидејќи на крајот на денот не треба тие да ја градат својата политика на принципот колку полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ. Кога е добро за граѓаните, ќе е добро и за опозицијата, бидејќи во суштина ова е заедничко множество. Поврзано со првиот проект, а тоа е изградбата на пругата која е дел од коридорот 10, веќе сме во фаза на анализа на пристигнатите финансиски понуди. За мене, од врвните американски компании, француска компанија, германска компанија, јапонска корејска, австриска, британска компанија од финансискиот пазар кога ќе дадат понуда да финансираат проект во Македонија, тоа е убав ден за сите нас и треба да се радуваме бидејќи се врвни компании, а не се периферни“, рече премиерот Мицкоски.

Тој посочи дека овие банки изразија интерес да бидат дел од овој пакет, со услови кои до сега не биле присутни кај нас. Поради локалните избори овие процеси ќе бидат забавени, но формиран е интерсекторски комитет кој ќе ги анализира пристигнатите понуди и според премиерот, ќе се влезе во билатерални преговори и најдобрата понуда ќе ја добие можноста да го финансира овој проект.

„Тука не завршува процедурата. Следниот чекор е избор на компанија или компании кои на терен тоа ќе го направат, по принципот на конкурентен дијалог. Ние нема да го криеме тоа од јавноста, се ќе биде транспарентно и немаме воопшто намера ништо да криеме од јавноста“, рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Владата донесе одлука за училишната кошничка: цените на училишниот прибор се намалуваат најмалку за 15 отсто!

Владата на Република Македонија денешната седница донесе одлука, со која се намалуваат цените на училишниот прибор во периодот од објавувањето на одлуката во „Службен весник“, односно од денеска, заклучно со 30 септември 2026 година.

Ангелов: Тешкиот пожар кај Градско ги загрозува селата Горно Чичево и Долно Чичево!

„Денес, на 25 август 2026 година пред 11 часот изби тежок пожар на територијата на општина Градско, во атарот меѓу селата Горно Чичево и Долно Чичево.“ – истакна директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, дополнувајќи дека поради неговото ширење натаму пренасочени биле и „воздушните трактори“ од Китка.

Мицкоски: Направивме многу отстапки за ЕУ, но нè предадоа и нè излажаа, а сега бараат заедно со Бугарија пак да го менуваме Уставот, што е смешно!

„Македонија сака да биде дел од Европската унија и на тој пат направивме многу отстапки, кои, според бирократи од Брисел и од целиот свет, требаше да бидат последното нешто, што го направивме. Но, тие нè предадоа и нè излажаа!“ – истакнува претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во интервју за американски „Брајтбарт њуз“ (Breitbart News).

To top