Македонија

Мицкоски: Има предлози за обезбедување пари за брзата пруга на коридорот 10

Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски вчера изјави дека постојат предлози за обезбедување пари за реализација на брзата железничка линија на Коридорот 10, за кои времето за поднесување завршува утре.  “Да, има”, изјави Мицкоски во гостувањето во ТВ Сител, нагласувајќи дека железницата ни е неопходна веднаш, бидејќи ќе останеме отсечени., ако не ја […]


Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски вчера изјави дека постојат предлози за обезбедување пари за реализација на брзата железничка линија на Коридорот 10, за кои времето за поднесување завршува утре. 

“Да, има”, изјави Мицкоски во гостувањето во ТВ Сител, нагласувајќи дека железницата ни е неопходна веднаш, бидејќи ќе останеме отсечени., ако не ја изградиме и ако не ја обновиме.

Министерството за финансии има доставено барање за понуди до 24 банки за финансирање на изградбата на брзата пруга на Коридорот 10. На прашањето дали ќе бидеме ослободени од царинските давачки на САД, тој одговори дека разговорите се во тек и се одвиваат во позитивен правец. „Следната недела е крајниот рок кога македонската јавност ќе знае што е што добиваме од администрацијата на САД”, рече Мицкоски. Според него, растот на извозот, градежништвото и туризмот гарантираат раст и на бруто-домашниот производ и подобар стандард.

Вчера одговарајќи на прашања и по седницата на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ, македонскиот премиер Мицкоски нагласи дека во текот на мај годинава набавката од странство е значително пониска – приближно за 8 проценти во евра, односно за 12-13 проценти во американски долари, додека продажбата во странство бележи зголемување од 23 проценти во евра, односно 28 проценти во долари.

„Ако ги споредите првите два месеци од вториот квартал, април и мај од оваа година, со април и мај од 2024 година, ќе видите дека за 80 милиони долари е намален трговскиот дефицит. Тоа е за цели 13 проценти и ќе се одрази врз бруто-домашниот-производ“ – посочи Мицкоски.

Тој дополни дека индустриското производство бележи раст од 5,5 проценти во просек за април и мај, првите два месеци од вториот квартал, а само во мај 9,4 проценти. Според Мицкоски, позитивниот тренд во туризмот и градежништвото ќе придонесе кон подобрување на животниот стандард на населението, но и кон пораст на бруто домашниот производ. „Растот на туризмот повеќе од 20 проценти, инвестициската активност повеќе од 15 проценти, растот и бумот во градежниот сектор, сето тоа нас ни гарантира еден успешен резултат за БДП во вториот квартал којшто очекувам да продолжи и во третиот и четвртиот квартал,“ оцени Мицкоски, објави Македонската информативна агенција МИА.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Со Макрон и Мерц разговарав за можностите да се даде поттик за европскиот пат на земјите од Западен Балкан

Според неофицијалниот документ претставен од Франција и од Германија од самитот кој се одржа на почетокот на јуни, исполнувањето на одредени критериуми за прием ќе биде наградено со привилегиран пристап до заедничкиот европски пазар и можноат да се испратат набљудувачи во европските институции

Инфо денови во Свети Николе и Неготино: 22,3 милиони евра за грантови за 2.043 лица да отворат сопствен бизнис, за два дена над 1300 апликации

Информативни денови за презентирање на мерките од Оперативниот план за вработување за 2026 година денес се одржаа во општините Свети Николе и Неготино

To top