Македонија

Мицкоски: Интригите и игрите од Зајас и Мала Речица нема да поминат

Еден човек ми вели го готвите ДУИ да ви биде партнер во владата. Мојот директен одговор е ДУИ уште долго ќе биде во опозиција, затоа што досега не научи ниту една лекција. Не ги ставивме во опозиција за да без ниту една научена лекција се вратат на власт. Тие таму припаѓаат со нивниот коалициски пајташ во криминалот и ударите по Македонија, СДСМ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот настан „Саем – Отчет: Четири години посветена работа за граѓаните“, истакна дека на претстојните избори јасно ќе се разоткријат сè уште активните беспринципни коалиции, изградени врз темели на криминал, корупција и лични интереси.

Еден човек ми вели го готвите ДУИ да ви биде партнер во владата. Мојот директен одговор е ДУИ уште долго ќе биде во опозиција, затоа што досега не научи ниту една лекција. Не ги ставивме во опозиција за да без ниту една научена лекција се вратат на власт. Тие таму припаѓаат со нивниот коалициски пајташ во криминалот и ударите по Македонија, СДСМ“, рече Мицкоски.

Мицкоски изјави „ќе бидам многу јасен и многу прецизен овие избори нема да бидат вратата на ДУИ во Владата, и интригите и игрите од Зајас и Мала Речица нема да поминат“.

Според Мицкоски, Македонија ќе им каже не на СДСМ и ДУИ и „нема да се врати во минатото каде здружно го грабаа РЕК, купуваа трговски центри среде Скопје, внучињата стануваа познати милионери, играа фудбалчиња по институциите, се удираа во гради дека владеат со Македонија, а кога се смени власта усвет и мајка бежанија фатија за да не одговараат пред законот“.

Мицкоски посочи дека кога зборуваме за чесност и за одговорност во политиката, мора да ја откриеме и вистината за валканите игри што се подготвуваат.

Повеќе од јасно е дека ДУИ и СДСМ имаат таен план, но не за народот, туку против народот. Тоа е сценарио мислено и координирано меѓу овие две партии – сценарио за хаос, за политичка магла и за манипулација. Со инфлација од независни кандидатури и фантомски листи сакаат намерно да го урнат изборниот процес, да го збунат гласачот, да ја изиграат демократијата и да ја заматат чистата слика на нивниот историски пораз што доаѓа“, кажа Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Битола ја одбележа 84-тата година од смртта на народниот херој Стив Наумов, заедно со народниот херој Мите Богоевски загинати во борба со бугарската полиција

По повод годишнината од смртта на Народниот херој Стив Наумов, делегации од Битола денеска положија цвеќе и се поклонија пред неговиот споменик на Широк Сокак.

Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро ги осудува обидите на Софија за злоупотреба на здравјето на Македонците во Пустец, за да ги бугаризира!

„На 11 септември 2026 бугарски лекари вршеле прегледи во државна амбуланта во Пустец. Бугарската држава со години врши невиден притисок врз Македонците во Република Албанија. На Македонците низ цела Република Албанија им е јасно дека акцијата за бесплатни прегледи треба да биде дополнителна мамка за населението во областа Преспа за негово изјаснување како Бугари.“ – реагира во најостра форма Македонското друштво “Илинден“-Тирана .

Мицкоски: Граѓаните сѐ уште ги плаќаат сметките од бандитските, криминални и ненационални политики на владите на Заев и Ковачевски!

Сметките од работењата на претходните влади на Зоран Заев и Димитар Ковачевски и како тие се справуваа со кризата денес ги плаќаат граѓаните, и не дај Боже некогаш повеќе на Македонија да ѝ се повторат такви влади, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Велјановски: Талогот од СДС треба да одговара за поскапувањето и доцнењето на железничкиот Коридор 8

ДЗР утврдил дека проценетата вредност за третата фаза од железничкиот Коридор 8, пругата Крива Паланка–граница со Бугарија, пораснала за околу 220 милиони евра, односно од 340 на 560 милиони евра

Мицкоски: Поддржуваме инвестиции што значат повеќе енергија и почиста животна средина

Приватна инвестиција во делот на енергетиката, когенеративна централа. Што значи когенеративна централа? Дека во исто време ќе произведува и топлина за затоплување на домовите на граѓаните, но истовремено ќе произведува и електрична енергија. Нешто што навистина претставува успешен проект

Најнови вести

To top