Македонија

Мицкоски најави големи промени во Владата и во ВМРО-ДПМНЕ до крајот на годината

„Примерот за промени мора да го дадеме ние. Најавувам дека веднаш по редовиот конгрес на крајот на годинава, најдоцна на почеток на наредната ќе има големи промени во партијата и во Владата“. Вака најави денеска премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во обраќање на годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје. […]

„Примерот за промени мора да го дадеме ние. Најавувам дека веднаш по редовиот конгрес на крајот на годинава, најдоцна на почеток на наредната ќе има големи промени во партијата и во Владата“. Вака најави денеска премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во обраќање на годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје. – Кој ќе се покаже со својата работа ќе остане, но тие што нема да ги исполнат очекувањата на граѓаните ќе ги поздравам и ќе им се заблагодарам. Го кажувам уште сега, за да се знае и да испратам порака дека единственото нешто што вреди, единственото најголемо нешто што човек може да го остави зад себе се образот и честа. И ќе дадам сè тоа да остане најчистиот дел од нашата работа. Тоа сите заедно му го должиме на народот. Немаме време за губење и немаме простор да создаваме нови разочарувања кај луѓето кои веќе со децении наназад се изгорени од разни неискрени и корумпирани политичари – рече Мицкоски. Премиерот рече дека ќе ја санкционира, како што рече, секоја забеганост и ќе ги разреши сите оние кои “ќе нè посрамотат како структура и како луѓе“, велејќи дека „примерот за промени мора да го дадеме ние, и од секој од нас зависи како и со каков интензитет ќе се случуваат промените“. Мицкоски се осврна и претстојните локални избори. – Пред нас се локалните избори. ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за избори интензивно. Кандидатите за градоначалници ќе ги објавиме во два циклуси, а првиот ќе започне крајот на месецов по одржани состаноци на ИК и ЦК на партијата. Тоа што можам да го соопштам и кое ми е чест и задоволство, но и голема обврска и товар истовремено е дека нашите кандидати било каде во сите општини речиси водат најмалку 3 до 4 пати, споредено со кандидатите од опозицијата. Не само што водат нашите најдобри кандидати, туку водат и останатите двајца, тројца, четворица  кои се на листите коишто се споредуваат со евентуалните кандидати, коишто ќе ги предложи опозицијата. ВМРО-ДПМНЕ победува на овие избори, а опозицијата прашање е дали ќе освои 2,3 или 4 општини. А ако продолжи вака како што тргнале нема да бидам изненаден ако не освојат ниту една општина – вели Мицкоски. Премиерот Мицкоски истакна дека Унијата на жените е организација која е дел од срцето на партијата и заштитник на женските права и упати благодарност до секој член кој посветено се борел и се вложувал во политиките, реформите и верувањата на државата. – Работиме посветено и одговорно, свесни за обврската и одговорноста која сме ја презеле, но и задолжени кон граѓаните и кон идните генерација затоа што оваа наша борба не е и нема да биде борба само на една генерација, наше е да го направиме најдоброто што можеме да поставиме темели и да ги вратиме вистинските вредности во политиката и општествениот живот, на почитување на законите, работа и посветеност за и кон сопствениот народ и држава, принципиелност, чесност, доследност. Премиерот најави и сериозни мерки во делот на цените и стандардот, како и поддршка на стопанството. – Свесен сум дека во Македонија тешко се живее и животот е скап. Да не преземевме некои мерки, и да беа другите од претходно на власт, како беше тргната работата, ќе заглавевме во уште поголеми долгови и инфлација и ќе се случеше целосен банкрот. И ова не го кажувам како изговор, туку како поглед кон реалноста, како израз на свесност како се живее, и во кои услови ние сега работиме. Планираме сериозни мерки во делот на цените и стандардот. Преку раздвижување на економијата и сетови на мерки за подобар стандард. Планираме многу нови проекти кои ќе помогнат на компаниите да растата, да создаваат работни места и да ги зголемуваат платите, тоа е нашата идеологија, да помагаме на компаниите за да создаваат раст и добри работни места и да ја движат економијата, затоа што веруваме во потенцијалите на луѓето, веруваме во нивната иновативност,креативност, претприемачки дух, и ќе вложуваме многу во поттикнување на мали и средни бизниси и ќе вложуваме во луѓето преку финансиска поддршка, грантови, субвенции, директни финансирања на проекти, но и образовни програми и едукативни курсеви за да се подготват нашите луѓе за времето кое го живееме, време на вештачка интелигенции, иновативни техонологии, комуникациска револуција – рече Мицкоски.
Фото: ВМРО-ДПМНЕ
За заминувањето на Таравари од Владата, премиерот наведе дека „е еден потсетник за сите нас дека додека ние настапуваме искрено и принципиелно кон луѓето и промените, тие не се заинтересирани за идеја, визија и промени, туку за нешто друго“. – Го гледам, иако гласно не го коментирам она постојано заканување кое доаѓа од еден лик од албанската опозиција кој знае дека после овие избори го чека пензија. Сакам да му порачам дека неговите калкулации на долг рок нема да му испаднат добро за неговата партија. И дека со ваквото однесување на излегување и влегување во влада, кое е рамно на она “како до сега” нема да помине долго кога и неговите сегашни партнери од ДУИ ќе сфатат дека нивното партнерство е со времен карактер додека некој не му даде подобра понуда или не го уцени за нешто што му е побитно од ова сега. Јас така политика не водам. Можеби звучам наивно, но како што секогаш говорам промените започнуваат од нас, и ние треба да бидеме она што сакаме да го постигнеме, и тоа што граѓаните го очекуваат од нас, искрени луѓе, кои нема да калкулираат и да играат игри, и преку интигри, уцени, злоупотреби ќе се одржуваат на власт, туку ќе ја кажуваат вистината секогаш и ќе бидат принпципиелни и доследни на својот збор. Ако не сме доследни на зборот, тогаш џабе ни е се. И јас таков и ќе бидам – рече Мицкоски. Премиерот порача и да не се злопотребува трагедијата во Кочани и најави редовни состаноци со роднините на настраданите. – Сакам да предупредам дека многу нечовечки безобразно и некрофилски се злоупотребува огромната трагедија во Кочани. Тоа можев и да го чујам од роднините на настраданите кои минатата недела ги видов во Владата. Со огромна почит кон тие луѓе и отворен разговор, споределувајќи ја заедничката болка заради трагедијата која се случи дискутиравме за повеќе аспекти и за она кое е во надлежност на Владата и можности да се помогне во расчистување на случајот и да се помогне на семејствата во справување со тагата и предизвиците на животот во една ваква ситуација. Оваа трагедија не смее да се злоупотребува, и сите кои имаат своја вина која придонела да се случи ваква трагедија мора да одговараат, и системот мора да се менува и да има правда, и во тоа заеднички сме одлучни и ние сме подготвени заеднички да продолжиме да работиме и да комуницираме и да помагаме за се поврзано со нив. Нашата обврска и одговорност како Влада е токму тоа да бидеме рамо до рамо со нашите сограѓани кога тоа им е најмогу потребно. Тоа беше исклучително тешка средба за мене, разговарајќи со нив, душата ми плачеше, а стисокот на нивната рака ми е потпора и на мене во нашата заедничка борба за доброто на оваа наша заедничка татковина – рече Мицкоски. Тој најави дека ќе има редовни состаноци со родителите на настраданите, како што рече, со сите кои сакаат да дојдат, а оние кои од оправдани причини не сакаат ќе појдам јас кај нив“. – Периодов и јас и Владата стоиме на располагање се што е потребно да направиме и да не дозволиме оние политички глодари и некрофили да ја злоупотребуваат политички оваа трагедија. Сите сме Кочани и сите треба да направиме нешто за Кочани – рече Мицкоски. Се осврна и на стратешкиот договор со Велика Британија за пријателство, економски раст и соработка во повеќе области, повторувајќи дека градење мигрантски кампови „ниту му паднало на памет ниту било побарано“, а тоа јасно го кажал и британскиот амбасадор во државава. – Овој договор е мојот нов договор за Македонија по примерот на оној кој го обзнани американскиот претседател Рузвелт и кој епознат во историјата. Овој договор значи отворање на работни места, равој, напредок, многу нови инфраструктурни проекти, многу големи гигантски проекти какви што досега немало, инвестиции во железници преку брзи лини, автопати и патишта, болници, образование и други сектори. Ова е договор кој на Македонија ќе и донесе пари за да работи и инвестира во својот напредок во вредност од 6 милијарди евра! – порача Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Центар трча: Успешно заврши првата ноќна трка низ Дебар Маало

Убава вест за сите со спортски дух. Со музика, навивање и одлична енергија, во саботата се одржа првото издание на CENTAR NIGHT RUN. Дебар Маало и улиците на Центар беа исполнети со тркачи и публика, кои создадоа нова спортска приказна во градот.

ЗНАМ: Во моментов не постои уставна и законска основа да се полага правосудниот испит на албански јазик

„ЗНАМ ја разбира нервозата и хистеријата кај одредени претставници на моноетнички политички партии предизвикани од јасниот и принципиелен став на ЗНАМ дека правосудниот испит треба да се полага на македонски јазик, во согласност со Уставот и законите на државата.“ – соопшти денес Движењето ЗНАМ.

Делото на Видоески наспрема „Бугарскиот договор“: дали е време во 2026 Македонија да постапи како Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949?! (2)

Грандиозното научно дело на дијалектологот Божидар Видоески не само што ги урива сегашните бугарско-грчки фалсификати и оспорувања на македонскиот јазично-идентитетски комплекс, туку и отвора сериозен простор за дилема: дали нема, или можеби и има право Република Македонија, согласно и со меѓународното право и неговиот врховен принцип „јус когенс“ да постапи денес со „Бугарскиот договор“ еднакво како што постапи Бугарија со „Бледскиот договор“ во 1949 година – како Бугарија согласно со нејзините „бугарски државни и национални интереси’, така и Македонија согласно со своите државно-национални интереси?! Зашто, великанот на македонската дијалектологија аргументирано докажа и сиот свој живот го бранеше македонскиот јазик како столб на македонскиот идентитет – столб кој е денес загрозен со бугарските евроинтеграциски уцени и ултиматуми.

Студиите на Божидар Видоески ги кршат на парчиња грчко-бугарските шовинистички негирања на македонските дијалекти во Егејска и Пиринска Македонија (1)

Со своето големо научно дело за македонската дијалектологија професорот и академик Божидар Видоески му изгради траен паметник на македонскиот народ за неговиот мајчин македонски јазик и неговите дијалекти, на македонскиот идентитет. Зашто во дијалектите на македонскиот јазик се вградени сета негова историја, сето зборовно богатство, културата, обичаите, народните традиции, песните. Вчера, на 8 ноември 2026 година, се навршија 106 години од раѓањето на Видоески, основоположникот на современата македонска дијалектологија. Тој остави зад себе остави огромно дело од повеќе од 300 библиографски единици – дијалектолошки студии, монографии, статии, документи и др., објавувани во домашни и видни странски списанија и зборници. Истражувањата и студиите на овој македонист, славист и дијалектолог жестоко ги побиваат сите антимакедонски и ненаучни фалсификати и оспорувања на македонскиот народ, јазик и идентитет, кои се вградени во „Договорот за добрососедство“ со Бугарија, односно „Бугарскиот договор“, како и во „Преспанскиот договор“.

Крива Паланка бара државна помош: Општината нема капацитет сама да се справи со кравите

Општинскиот кризен штаб алармира дека над 1.000 грла добиток се движат низ центарот и уништуваат имоти, по што градоначалникот Сашко Митовски побара итна владина интервенција

Мицкоски: Правосудниот испит не може да биде само на албански јазик

Делот од правосудниот испит што опфаќа симулација на судска постапка – во рамките на кривичен или граѓански предмет – мора да се спроведува на *lingua franca*, односно на македонскиот јазик“, објасни премиерот

Палмер: Жално е што Бугарија е во позиција да го блокира Скопје за ЕУ

Билатералните спорови не треба да го попречуваат пристапниот процес и очекува поактивна улога од Брисел и од клучните земји членки, вели поранешниот специјален претставник на САД за Западен Балкан, Метју Палмер

Најнови вести

To top