Македонија

Мицкоски: Понудите за брзата пруга се доверливи, ќе ја прифатиме најдобрата

Сите понуди се доверливи и така ќе ги третираме додека не се избере најповолната и додека не се декласифицира за да можеме да ја соопштиме во јавноста. Граѓаните да бидат мирни и спокојни, сигурно нема да класифицираме и склучуваме договори како во минатото кога се носеа на шверцерски начин со злоупотреба на европското знаме. Она […]

Сите понуди се доверливи и така ќе ги третираме додека не се избере најповолната и додека не се декласифицира за да можеме да ја соопштиме во јавноста. Граѓаните да бидат мирни и спокојни, сигурно нема да класифицираме и склучуваме договори како во минатото кога се носеа на шверцерски начин со злоупотреба на европското знаме. Она што ние ќе го прифатиме ќе биде најдобро, јас сум оптимист дека така и ќе биде, ние работиме исклучиво и само во интерес на граѓаните, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговорајќи на новинарско прашање во врска со меѓународните банки и финансиски институции кои се пријавија да ја финансиираат брзата пруга од Коридорот 10.

Мицкоски рече дека не може да каже која камата ја понудиле банките и финансиските институции.

-Не можам да ви кажам зашто понудите се доверливи. Не би зборувал и за бројка додека не поминат на владина седница. Интересот е голем. Утре, покрај редовната ќе имаме и затворена владина седница. Очекувам информација од Министерството за финансии и да се предложи меѓусекторска работна група што ќе ги анализира пристигнатите понуди. Прв услов е да видиме дали сите тие понуди ја понудиле сумата што ја бараме. Тоа ќе биде првиот катализатор, а дури потоа ќе влеземе во нивна длабинска анализа, па дури потоа можеме да зборуваме за повеќе детали, објасни премиерот.

Во однос на американските царини, Мицкоски информира дека ако САД и ЕУ не успеат да се усогласат околу тарифите, тоа ќе има влијание и на нас. Сепак, тој е сигурен, како што напомена, дека со јасна и концизна политика ќе успееме да го одржиме макроекономскиот баланс и стабилност и граѓаните тоа да не го почувствуваат.

-Во процес на преговори сме со САД. Оптимист сум дека се движат во правилна насока. Очекувам во текот на оваа недела да имаме генерално развој на настаните во позитивна насока и фокусирани сме до крајот на овој месец да постигнеме договор што ќе значи повеќе за македонската економија и македонските граѓани, информира претседателот на Владата.

Најнови вести од: Македонија

Гази Баба е најуспешна општина во Македонија за 2024 година според реализацијата на капиталните инвестиции

Првиот човек на Гази Баба Бобан Стефковски соопшти дека општина Гази Баба е прогласена за најуспешна општина во Македонија за 2024 година според реализацијата на капиталните инвестиции! – Според најновиот извештај на реномираната организација Центар за граѓански комуникации, Гази Баба го презеде приматот како општина со најголема вредност на јавни набавки на ниво на целата држава. […]

Агелер: Модернизацијата на Армијата е важна, САД ве подржуваат

Американската амбасадорка во Македонија, Анџела Агелер, заедно со премиерот Христијан Мицкоски и министерот за одбрана, Владо Мисајловски присуствуваше на презентација на новопристигнатата опрема во Касарна „Јане Сандански“, која пристигна од САД. „Од самиот почеток на оваа програма во 2019 година, нашите напори помогнаа во испорката на 67 возила од ваков карактер кои се последниот крик […]

To top