Македонија

Мицкоски: Слава за хероите од Карпалак – Македонија никогаш нема да ве заборави!

„Карпалак е рана, но и аманет!“ – порача премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски

„Слава за хероите од Карпалак. Нвното дело и пожртвуваност се паметат, нивната храброст и решителност се почитуваат. Нека биде нивната жртва аманет за идните поколенија дека се свети слободата, мирот и достоинството.“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во објавата на општествените мрежи по повод денешното одбележување на 24-годишнината од терористичкиот напад врз конвојот на Армијата на Република Македонија на 8 август во 2001 година кај месноста Карпалак, на патот Скопје – Тетово. Тогаш животите ги загубија десет резервисти на АРМ: Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски.

Натаму Мицкоски истакнува: Карпалак го паметиме како наша обврска да изградиме држава, во која нема да има место за омраза, за поделби, за неправди и кадешто е неприкосновена слободата на нашата татковина.

Македонија никогаш нема да ве заборави! Карпалак е рана, но и аманет. – пишува македонскиот премиер Мицкоски во објавата на опшествените мрежи.

Најнови вести од: Македонија

Санџак Курт е нов генерален директор на Лимак Скопје

Назначувањето на Санџак Курт е природно продолжување на развојниот пат на Лимак Скопје и ја потврдува определбата на компанијата за континуитет во управувањето, натамошен развој на инвестициите и градење долгорочни партнерства засновани на доверба, професионалност и заеднички успех.

Деветгодишно дете на електричен тротинет тешко повредено во судир со автомобил во скопски Сарај

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 28 јули околу 14:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од сервисна улица и регионалниот пат Скопје–Тетово се судриле патничко возило „форд“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 67-годишниот С.С. од селото Арнакија, и електричен тротинет управуван од деветгодишно дете од истото село.

Одлука на Владата да се вработат 300 нови специјализанти, за да се надомести недостигот на специјалистички кадар во јавното здравство!

Владата на Република Македонија донесе одлука до крајот на 2026 година да се вработат 300 приватни специјализанти во јавните здравствени установи.

Тетовец реагира за сообраќајниот хаос и нарушениот јавен ред во Тетово: Градот е заложник на возила со швајцарски, германски и италијански регистарски таблички!

Тетовецот Бошко Видоески преку објава на општествените мрежи реагираше на, како што наведува, сообраќајниот хаос и нарушениот јавен ред во Тетово за време на летниот период. Тој оценува дека градот е „заложник на возила со швајцарски, германски и италијански регистарски таблички“, обвинувајќи дека дел од возачите непрописно паркираат, создаваат бучава, турираат, се тркаат и го нарушуваат мирот на граѓаните.

Мисајловски: Продолжува осовременувањето на Армијата со нова опрема, униформи и вооружување

Министерот за одбрана Владо Мисајловски најави дека Армијата во наредниот период ќе добие значително нова опрема и вооружување, оценувајќи дека процесот на модернизација ќе овозможи нејзино зајакнување на, како што рече, највисоко ниво во историјата.

Најнови вести

To top