Македонија

Мицкоски со порака до опозицијата по критиките за Извештајот на ЕП: Срам да ви е

Премиерот Христијан Мицкоски, се обрати од денешната трибина во Куманово ,,Од енергетска стабилност до силна економија“, и се осврна на темата за Извештајот на Европскиот парламент и зборуваше за реакциите на опозицијата на оваа тема. Тој истакна дека нивните грешки, кога беа на власт, и коруптивни политики доведоа до оваа ситуација да Македонија се соочува […]

Премиерот Христијан Мицкоски, се обрати од денешната трибина во Куманово ,,Од енергетска стабилност до силна економија“, и се осврна на темата за Извештајот на Европскиот парламент и зборуваше за реакциите на опозицијата на оваа тема. Тој истакна дека нивните грешки, кога беа на власт, и коруптивни политики доведоа до оваа ситуација да Македонија се соочува сега со национални компромиси. Мицкоски на крај заклучи дека нивните политики се предавство на македонскиот народ и на Македонија.

“И ние како народ и земја ја имаме таа судбина да ги имаме тие неправди, но барем јасно е сега на сите и во Европа и во целиот свет, дека во суштина, не биле проблем Бугари во Устав, туку нешто многу подлабоко, нешто многу поголемо. А тоа е, македонскиот идентитет и македонскиот јазик. Но, имам само една порака со СДСМ и од опозицијата, кои не чекаа дури и да заврши гласањето во Европскиот парламент. А тоа е, засрамете се. Треба да ви е срам. Тоа што им го правите на македонскиот народ, на македонските граѓани и на Македонија како држава“, рече Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Распродавачите на националните интереси СДС и Филипче, велат дека Македонија не е на продажба

Оние кои и ги направија најголемите предавства, кои го сменија името, потпишаа бланко документ за бугарските барања и ги распродаваа националните интереси, Венко Филипче и СДС, велат Македонија не е на продажба

Во Салцбург основана нова македонска православна црковна општина „Св. Архангел Михаил“

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина, откако митрополитот европски Пимен даде благослов за нејзино основање во рамките на Европската епархија на Македонската Православна Црква

Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае

Таа посочи дека „Браќа Манаки“ одамна не е само фестивал, туку и културна институција со препознатлив меѓународен авторитет, докажан културен идентитет и долг, духовен и емоционален мост што ја поврзува македонската и балканската кинематографија со светската

To top