Македонија

Мицкоски за намалените царини од САД за Македонија: Преговорите продолжуват, очекувам да одиме подоле од 15%

Значаен успех за Македонија

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски одговарјќи на новинарско прашање во однос на намалените царини од страна на САД за Македонија од 30% на 15% денеска изјави дека преговорите за намалување на царините продолжуват во втората половина од месец август откако ќе завршат летните распусти, при што очекува намалување на истите под 15%.

-Од она што го видовте од кабинетот на претседателот Доналд Трамп, ова е прва фаза, ова не е договор бидејќи тој кажа до 1 ви агуст ќе ги објави новите царински, односно не се ни царини ова се трговски маржи така да ги наречам. Ние од 33% сме намалени на 15% , преговорите продолжуваат, во моментот се наоѓаме на една условно кажано пауза. Веднаш после годишните одмори кои што ќе ги користат и администрацијата во кабинетот на претседателот и канцеларијата на трговскиот претставник на САД, но и нашите луѓе во министерството и институците, очекувам втора половина на август да продолжиме со преговорите и од она кое што го очекувам уште да одиме подоле, изјави премиерот Мицкоски кој што беше во посета на на реконструираната Клиника за уво, нос и грло.

Најнови вести од: Македонија

Велешанка (61) касната од пајак „црна вдовица“, работејќи на поле во Еловец, Велешко – заврши на Токсикологија

Велешанката е хоспитализирана откако пред неколку дена била касната од пајак – „црна вдовица“ додека работела на поле во велешкото село Еловец. Побарала помош откако отровот почнал да делува, а по укажаната помош во Велешката болница префрлена е на понатамошен третман на Клиниката за токсикологија во Скопје.

Објавени се резултатите од првото издание на регионалниот поетски конкурс „Ars Lyrica Balcanica – Регионална поетска награда“

Жири-комисијата ги додели наградите врз основа на поетската вредност, автентичноста на авторскиот глас, стилската зрелост и целосниот книжевен впечаток на творбите.

Вреди: Корумпираното раководство на ДУИ, алчно за власт, оди против Рамковниот договор и го блокира законот за правична застапеност!

„Албанците дочекаа Али Ахмети да блокира Закон за правична застапеност и со тоа да урива еден од темелните принципи на Охридскиот рамковен договор, заради алчност за власт!“ – рече на денешната прес-конференција на Вреди портпаролот Дритон Сулејмани.

Стратешкиот притисок на Индија на Балканот и реалноста на глобалната дипломатија

Анализа на британска авторка која посетата на Мурму на Македонија ја поврзува со прагматската архитектура на меката моќ која се случува надвор од историската носталгија на Балканот

To top