Македонија

Минчев: Крај на неоправданото ширење на државниот апарат: дирекции и комисии постоеа сами за себе, трошеа народни пари, а не одговараа пред никого!

„Повеќе од 20 години јавната администрација беше свесно распарчувана и претворана во мозаик од институционални феуди. Секоја политичка криза, секој партиски договор во минатото, се плаќаше со создавање нови агенции, паралелни дирекции и непотребни комисии, кои постоеа сами за себе, трошеа народни пари, а не одговараа пред никого. Граѓаните и стопанството со години беа туркани во лавиринти од преклопени надлежности, каде што секој орган креваше раменици, а никој не ја преземаше одговорноста за лошите резултати” – предупреди министерот за јавна администрација Горан Минчев на јавна стручна дискусија во Скопје.

Минчев на јавната стручна дискусија во Скопје кажа дека Нацрт‑законот за организација и работа на органите на државната управа треба да постави појасни правила за организацијата на институциите, прецизна поделба на надлежностите и посилна одговорност во полза на граѓаните и стопанството.

Тој оцени дека досегашниот модел довел до расцепкување на институциите, преклопување на надлежностите и недостиг на отчетност, што како последица имало намалување на квалитетот на услугите за граѓаните и бизнисот. Според министерот, целта на новата законска рамка не е само организациска реформа, туку создавање појасен, предвидлив и одржлив систем на функционирање, усогласен со принципите на добро владеење и европските стандарди.

Минчев предупреди дека досегашните пракси создадоа паралелни структури кои трошеле народни средства, а не одговарале пред никого. Тој додаде дека нацрт‑законот треба да ги отстрани тие преклопувања, да разјасни кој е надлежен за што и да ја зголеми одговорноста во секојдневното управување.

 

Најнови вести од: Македонија

(Фото): Сметководителите бараат поедноставни правила за финансиско известување и помал административен товар за фирмите

По повод 10. Ноември – Меѓународниот ден на сметководството, Институтот на сметководители и овластени сметководители организираше тркалезна маса на тема „Големи правила за малите бизниси: дали е време за поедноставно сметководство?“, посветена на иницијативата за поедноставување на административните постапки за микро и малите фирми.

To top