Македонија Бизнис

Министерството за енергетика го поздрави стартот на ветерниот парк во Македонија

Министерството нагласува дека секоја ваква инвестиција ги потврдува нашите институции како стабилен и предвидлив партнер за вложувања, поткрепена со дисциплиниран пристап и фер регулаторна рамка.

Министерството за енергетика со задоволство ја поздравува денешната официјална промоција на почетокот на изградбата на ветерниот парк кај Штип, поддржан со инвестиција од 500 милиони долари од страна на „Алказар енерџи партнерс“. Со 55 ветерници на површина од 326 хектари, со капацитет да снабдува околу 100.000 домаќинства – проектот е најголемата регионална инвестиција во обновливи извори на енергија во Западен Балкан.

Министерството нагласува дека секоја ваква инвестиција ги потврдува нашите институции како стабилен и предвидлив партнер за вложувања, поткрепена со дисциплиниран пристап и фер регулаторна рамка. Министерката за енергетика, во своето обраќање по повод стартот на проектот, потенцираше:

  • „Оваа Влада ја постави енергетиката како столб на развој. И нема да застанеме додека не ја трансформираме Македонија во регионален центар за обновлива енергија. Како министерка за енергетика, со гордост го поддржувам секој чекор кој води кон оваа цел. Инвестициите во ветер, сонце, вода се мостови кон економска стабилност, зелена транзиција и нови работни места за македонските граѓани. Со оваа инвестиција се градат можности за младите, се градат индустриски капацитети за целата држава и енергетска сигурност за многу домаќинства.“ истакна Божиновска.

Министерката, при тоа, им се заблагодари и на меѓународните партнери:

„Вашата верба во нашите институции е доказ дека Македонија веќе се гледа како стабилна и предвидлива држава за долгорочни вложувања, почитуван партнер и домаќин на инвеститори кои работат според правилата и веруваат во иднината на оваа земја.“

Од аспект на Министерството, оваа инвестиција носи повеќекратна корист: чиста и стабилна енергија, намалени емисии на јаглерод, пониски сметки за струја и отворање на педесетина нови работни места во фаза на изградба и уште повеќе во функционирањето. Министерството за енергетика останува посветено на поддршката на слични проекти и очекува дополнителни инвестициски шанси за зелена и иновативна енергетика, кои ќе донесат долгорочна корист за граѓаните, економијата и идните генерации.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Николoски: Градежништвото е силен двигател на македонската економија

Во второто тримесечје од 2026 година градежништвото порасна за големи 21,9 процент во споредба со истиот период минатата година, објави на својот фејсбук-профил заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски

Четири ленти, велосипедски патеки и ново осветлување со реконструкцијата на булеварот „Мит’хат Фрашери“ во Чаир

Следната недела ќе започне реконструкцијата на булеварот „Мит’хат Фрашери“ во Општина Чаир, еден од клучните инфраструктурни проекти во општината, соопшти денеска Општина Чаир

To top