Мицевски истакнува: Дали говорот на Филипче е говор на човек кој очигледно се наоѓа во сериозна криза и сложема состојба? Дали Филипче манифестира силен страв и остава впечаток дека е притиснат од внатрешни поделби и притисоци во својата партија. Дали е ова е говор на уценет човек? Секој нека се запраша: дали би му довериле одговорност и управување со вашите животи на човек кој во јавната комуникација употребува вокабулар како „идиот“?
Ова не е речник што доликува на доктор и на човек кој е дел од академската заедница. Ваков вокабулар не доликува на професор, доктор и политичар. Ова не е само прашање на воспитување, туку и на начинот на кој се однесува под политички притисок.
Натаму Мицевски посочува: Зошто е толку нервозен и зошто инсистира на капитулација пред Бугарија?
Суштината на најновиот испад на Венко Филипче и манифестирањето недолично и невоспитано однесување не е во тоа дали Исланд е дел од заедничкиот европски пазар. Прашањето е дали презел политички обврски што сега не може да ги исполни и дали токму тоа е причината за ваквата нервоза. Едноставно, зошто толкава возбуда околу прашањето дали Исланд е дел од европскиот пазар? Тоа не е суштината. Суштинското прашање е зошто покажува толкава нервоза кога станува збор за Бугарија и за обврските што ги застапува, реагира Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ во законодавниот дом.