Македонија

Мицкоски: До крајот на јуни ќе се формализира реконструкцијата на Владата

До 1 јули списокот ќе се најде пред пратениците

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиуми рече дека до крајот на јуни ќе се формализира реконструкцијата на Влада, а до 1 јули очекува списокот да се најде пред пратениците. Тој оцени дека вчерашната средба со претставници на ВРЕДИ поминала во добра атмосфера, но не изнесе детали во интерес на процесот.

– Во интерес на процесот не би зборувал премногу околу конкретни кадровски решенија, имиња и слично. Се разгледуваат секакви опции. Во добра, пријатна атмосфера беше вчера состанокот. Се разгледуваат опции за промена на ресори, така што мислам дека многу бргу ќе го затвориме овој прв дел од процесот во условно кажано првиот ешелон. Денеска ќе видиме со ЗНАМ, во два часот имаме состанок со нив. Ќе разговараме отворено за сите добри страни, но и слабости, се разбира. Така што до крајот на следната недела, како што кажавме и до крајот на јуни да сето ова го формализираме и најдоцна до први јули списокот да се најде во Парламент пред парламентарците, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по поставување камен-темелник на градинка во Козле.

Мицкоски најави дека по реконструкцијата ќе продолжат и во другите структури и на локално ниво.

-Ние имаме и на локално ниво прилично голема бројка на директори на јавни претпријатија. Имаме свои мислења за работата на дел од тие луѓе. Имаме места каде што можеме подобро. Имаме места каде што сме исклучително задоволни. Такви се повеќето, но има и таму каде што е потребно да се поправиме и на ниво на општини, но и на локално ниво од аспект на подрачни единици. Така што процесот ќе продолжи во втората фаза во текот на летото и паралелно со тој процес, бидејќи горе-долу е оформена и структурата на партијата, ќе отпочнеме процес таму некаде во втората половина на јули, кој што евентуално би траел до крајот на септември на ажурирање на членството и ново зачленување во ВМРО ДПМНЕ, рече Мицкоски.

Според премиерот, овој процес на реконструкција длабински и суштински ќе промени многу нешта, заклучно со крајот на летото.

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, одговарајќи на новинарски прашања за реконструкцијата, рече дека не разговарал со премиерот за оваа тема, и нема да разговара, бидејќи, според него, секој мандатар си прави свој тим, и тие се на таа функција за да работат во полза на народот.

– Истакнав дека не сме овде за да бидеме товар, но да олесниме за да изградиме вакви проекти, градење на детски градинки кои чекаат и старски домови и слични објекти кои ќе бидат во полза на нашиот народ. Што се однесува до измените, иако денес завршува мојот мандат, јас мислам дека повеќе треба да се насочиме на тоа што направивме ние за доброто на оваа држава и народот, без разлика на тоа која е цената што треба ние да ја платиме. Не сме во овие позиции да бидеме товар ни на премиерот, ни на мандатарот, ни на никого. Сме овде да играме улога на играчи кои ќе ја сработат работата во полза на народот. 

Најнови вести од: Македонија

Сашко Кедев влезе во Гинис како најстариот алпинист во светот кој ги искачил сите 14 врвови над 8.000 метри

Кедев, на доделувањето на наградата, порача дека освојувањето на 14-те највисоки врвови во светот го смета за национален успех којшто го посвети на сите Македонци

Запалени повеќе контејнери во Ново Лисиче – градоначалникот Ѓорѓиевски бара итна истрага

Скопје нема да биде заложник на вандали, барам итна реакција од МВР. Во услови кога набавивме 3.300 нови контејнери и го решивме проблемот со сметот, очигледно дека на некој не му одговара чисто Скопје и развојот на градот

Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија

Портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Валентин Манасиевски истакнува: Фирмата на сватот на Ахмети, според јавно достапни информации, поседувала акции во Стопанска банка АД Битола, кои потоа ги продаваат на Давор Мацура и Алта банка. Филипче и СДС молчат за ова и не коментираат од страв кон ДУИ.

„Скопје.1.мк“: Над 12 тони производи од Македонија запрени на косовската граница, поради „ешерихија коли“ во претходни пратки

„Косовските власти вратиле две пратки млечни производи од Македонија, со вкупна тежина од 12.268 килограми, поради претходно утврдени неправилности поврзани со безбедноста на храната и хигиената во производството. Станувало збор за прехранбени кремови со растителни масти и производи од сирење, произведени од АД ‘Млекара Тетово’,пренесува ‘Радио Ким’. Пратките биле наменети за компанијата ‘VIZIONI M.Z.I.I’ од Преоце, во близина на Грачаница, но биле запрени на граничниот премин Генерал Јанковиќ.“ – објави информативниот портал „Скопје 1.мк“.

Партија на пензионери: Поддршка за новиот предлог- КЗ! Конфискуваниот имот да оди за социјалната заштита, здравството и стандардот на пензионерите!

Партијата на пензионери дава целосна поддршка за новиот предлог-закон за Кривичниот законик на Македонија, со кој се предвидуваат построги казни за корупција и криминал меѓу носителите на јавни функции. Од партијата, сепак, сметаат дека се потребни дополнително заострување на казнените мерки и суштински реформи во правосудниот систем.

ЕУ го натерала Вучиќ да ги повлече војниците и полицијата од Пионирскиот парк, за да спречи судири и граѓанска војна?!

Европската Унија извршила притисок врз Александар Вучиќ во изборната ноќ да ги повлече војниците и полицајците од Пионирскиот парк во Белград, бидејќи постоел страв дека ситуацијата може да ескалира во граѓанска војна. Ова го тврди поранешната амбасадорка на Белгија во Србија, Дениз де Хауер, во интервју за телевизијата „Инсајдер“.

Архимандрит Царкњас: Прашањето на Македонците во соседните земји треба да се споменува од страна на македонските власти

Во Штип се одржа традионалната „Егејска вечер“ и семакедонска средба. Архимандритот Никодим Царкњас нагласи дека прашањето на Македонците во соседните земји треба да се споменува од страна на македонските власти.

To top