Македонија

Мицкоски: Никогаш нема да отстапам од интересите на мојот македонски народ! – Гоце е вткаен во нашето постоење, тој е Македонија!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека нема да отстапи од, како што рече, интересите на македонскиот народ, нагласувајќи дека европската иднина на државата треба да се гради со мудрост, реформи и зачувување на националното достоинство.

Премиерот Христијан Мицкоски, во своето обраќање по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, порача дека Македонија мора да ја гради својата иднина со свест за историските предизвици, зачувување на националниот идентитет и доследна заштита на државните интереси.

Мицкоски истакна дека македонското име, јазик, култура и историско паметење се темелни вредности што треба да им се пренесат на идните генерации. Според него, државата треба да гради пријателства и соработка со сите, но истовремено да бара почит за сопствениот идентитет и достоинство.

„Верувам во европската иднина на нашата земја и во вредноста на Европа во која различните народи се почитуваат меѓусебно. Нашето место таму треба да го градиме со реформи, со знаење, со силни институции и со зачувано национално достоинство“, порача Мицкоски.

Говорејќи за евроинтегративниот процес, премиерот ја истакна измореноста на граѓаните од долгото чекање за членство во Европската Унија, како и од условите и билатералните спорови со кои се соочува земјата.

Тој порача дека и покрај разочарувањата и скептицизмот, Македонија треба да продолжи да се бори за европската перспектива, но со внимателен и стратешки пристап.

„Јас на политиката не гледам како на натпревар во мускули, туку повеќе како на партија шах. И силните се победуваат со мудрост. Со мудрост може да има иднина, кога веќе природната предодреденост, поставеноста и геополитиката не нудат сила“, истакна премиерот.

Осврнувајќи се на односите со Бугарија, Мицкоски рече дека, според него, членството во ЕУ е важно и поради можноста државата да учествува во процесите на одлучување и да ги застапува своите позиции однатре.

Тој порача дека нема да прифати отстапки што ги смета за спротивни на интересите на македонскиот народ, додавајќи дека неговиот пристап е насочен кон трпеливост, дијалог и долгорочна стратегија.

„Мојата задача како премиер не е да се занимавам со коски кои припаѓаат на минатото, туку со обезбедување иднина која им припаѓа на нашите деца“, рече Мицкоски.

Во обраќањето, Мицкоски посебно се осврна на историското паметење и ликот на Гоце Делчев, нагласувајќи дека македонската историја и националниот идентитет не можат да зависат од туѓо одобрување.

„Нашето паметење не подлежи на нивно одобрување. Ниту еден притисок не може да го избрише Гоце Делчев од срцето на македонскиот народ. Затоа што Гоце е вткаен во нашата борба, во нашата слобода, во нашето постоење. Гоце е Македонија!“, порача премиерот.

Мицкоски исто така предупреди на можноста од провокации и обиди за продлабочување на поделбите во земјата. Тој ги повика граѓаните да не подлегнуваат на, како што ги нарече, вештачки наметнати прашања и хиперболизирани етнички теми.

Според него, стабилноста на државата бара одговорност од политичките актери, внимателност и избегнување потези што можат да предизвикаат нови тензии.

„На неразумните чекори одговарам со разум, на провокациите со принципи, на притисоците со отпорност и верба во она што сме и што претставуваме“, истакна Мицкоски.

На крајот, премиерот нагласи дека државата ќе се соочува со тешкотии и со одлуки што ќе предизвикуваат сериозни дебати, но дека обврска на институциите е да ги објаснуваат своите постапки, да ги сослушуваат граѓаните и да ги коригираат грешките кога е потребно.

„Држава се води со отворени очи за стварноста и со чувство за животот на луѓето“, порача Мицкоски.

Најнови вести од: Македонија

Богатства на македонската археологија: исклучителни откритија во античкиот град кај Исар–Марвинци, пронајден монументален комплекс на римска бања

Археолошките истражувања на локалитетот Исар–Марвинци кај Валандово во 2026 година донесоа исклучителни резултати, кои значително ги прошируваат досегашните сознанија за урбаниот развој, архитектурата и секојдневниот живот во античкиот град. Годинашниве истражувања, реализирани од Националниот археолошки музеј на Република Македонија – Скопје, беа насочени кон истражување на дел од комплексот на јавната градска бања од римскиот […]

Мицкоски: Практичниот дел на правосудниот испит ќе биде на македонски јазик! ДУИ дрско се обидува да потпали меѓуетничка напнатост!

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во одговор на новинарски прашања појасни дека предложеното решение за полагање на правосудниот испит предвидува два дела, при што теоретскиот ќе може да се полага и на албански, турски или англиски јазик, додека практичниот дел ќе биде исклучиво на македонски јазик и кирилско писмо.

Ѓорѓиевски: Скопје ја памети цената на слободата и нема да ги заборави оние што ги дадоа животите

Потсети дека на денешен ден, по неколкудневни тешки борби со фашистичкиот окупатор, борците од 42-та и 50-та народноослободителна дивизија и 16-та македонска бригада го ослободиле Скопје

Мицкоски: Новите измените на Кривичниот законик нема да важат ретроактивно

Ја обвини поранешната влада на СДСМ и ДУИ дека со претходните измени на законите, донесени по скратена постапка и со европско знаменце, имала намера да се заштити од одговорност за криминал

Мицкоски: СДСМ и ДУИ си скроија закон за да се себеамнестираат од сторените криминали

Имаа двојна цел. Првично да се себеамнестираат од сторените криминали, за кои што постојат основани сомненија, додека тие беа Влада и второ, мислеа дека на тој начин на некои поранешни структури од ВМРО-ДПМНЕ ќе им овозможат политичка амнестија

Најнови вести

To top