Македонија

Мицкоски: Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, кои ќе ја засилат економската соработка со Унгарија

Премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска од Будимпешта порача дека Македонија е отворена за нови инвестиции и партнерства, нагласувајќи дека економската соработка со Унгарија има значителен потенцијал за раст.

Обраќајќи се на бизнис форумот посветен на деловната соработка меѓу двете земји, Мицкоски истакна дека ваквите средби се можност за директно поврзување на компаниите и отворање нови пазари. Според него, токму ваквата комуникација може да донесе нови деловни модели и одржлив економски раст. Тој посочи дека новата авиолинија меѓу Скопје и Будимпешта е дополнителен поттик за продлабочување на економските односи, но и за развој на туризмот и инвестициите. Премиерот изрази уверување дека директната врска ќе ја засили деловната динамика и ќе отвори простор за нови заеднички проекти.

Во своето обраќање, Мицкоски се осврна и на економските резултати, нагласувајќи дека земјата во 2024 година достигнала рекордно ниво на странски директни инвестиции од околу 1,25 милијарди долари. Тој оцени дека ваквите резултати се должат на политиките за стабилна и предвидлива деловна средина. Премиерот потенцираше дека политичката стабилност и реформите во владеењето на правото, борбата против корупцијата и дигиталната трансформација се клучни за привлекување нови инвеститори.  Тој нагласи дека државата останува посветена на европскиот пат и исполнување на критериумите врз основа на заслуги.

Мицкоски упати порака до унгарските компании да ги разгледаат можностите за инвестирање во Македонија, додавајќи дека и македонските фирми се подготвени за проширување на унгарскиот пазар. Според него, форумот може да резултира со конкретни договори и нови деловни партнерства. На настанот учествуваа десетици македонски компании кои имаа можност директно да се вмрежат со унгарската бизнис-заедница и да отворат нови перспективи за соработка.

„Плус инфо“

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top