Македонија

Му украле 1.500 евра по добиена лажна СМС наводно од „Пошта“

По внесување на податоците од својата дебитна картичка, од неговата сметка биле направени неовластени трансакции во неколку наврати, во вкупен износ од 89.106 денари кон сметки во странство

Гостиварецот С.А. (34) пријавил во Полициската станица Гостивар дека добил СМС порака со линк за наводна достава од „Пошта на Северна Македонија“, информираше Министерството за внатрешни работи. Линкот водел до лажна интернет страница која изгледала идентично на официјалниот портал на Поштата.

По внесување на податоците од својата дебитна картичка, од неговата сметка биле направени неовластени трансакции во неколку наврати, во вкупен износ од 89.106 денари кон сметки во странство.

Полицијата извести дека се преземаат мерки за откривање на сторителите и дека случајот е предмет на дигитална форензика.

Најнови вести од: Македонија

Унгарскиот премиер Маѓар ја пречека Сиљановска-Давкова во Будимпешта

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, престојува во официјална посета на Будимпешта, каде што присуствува на високите државни и културни манифестации по повод одбележувањето на јубилејната 70-годишнина од Унгарската револуција од 1956 година

To top