Македонија

Муцунски: Инвестиции, инфраструктура и подобар живот – надворешна политика заради нови можности за инвеститорите и да останат младите во државата

„Ова не е политика – ова е работа за иднината“ – порача министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски

„Договорот за стратегиско партнерство со Велика Британија отвора нови перспективи за остварливи проекти, кои директно ќе влијаат врз секојдневието на луѓето: брза железница, нови здравствени установи, подобри комуникации и технолошка инфраструктура.“ – изјави меѓу другото министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија Тимчо Муцунски во видео, објавено на неговите профили на општествените мрежи, во кое гобори за  конкретната корист од тој договор.

„Зборовите не се доволни. Се бројат резултатите: работа, развој, подобар живот.” – истакнува Муцунски.

Тој нагласи дека не ветуваат, туку оти реализираат. Укажува дека основната цел е младите да останат во државата, да се создадат нови можности за инвеститорите, а граѓаните да добијат повисок стандард на живеење.

„Ова не е политика – ова е работа за иднината“ – порача министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија информираше дека во рамките на минатонеделната посета на Лондон министерот Муцунски и неговиот британски колега државниот секретар за надворешни работи, развој и Комонвелт Дејвид Лами ја потпишаа Декларацијата за стратегиско партнерство меѓу Република Македонија и Велика Британија.

„Овој документ има за цел да ги зацврсти заемните стратегиски односи меѓу двете земји, вклучително и соработката во областа на надворешната политика, безбедноста и одбраната – особено во рамките на НАТО, правдата и внатрешните работи, борбата против тешкиот и организираниот криминал, справувањето со корупцијата и незаконските финансиски текови, како и економскиот раст.” – се додава во соопштението на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија.

Нетпрес

Најнови вести од: Македонија

Финансова со кривична за затајување данок од 380.000 евра

Првопријавениот В.Р. во периодот од 2011 година до 2019 година, свесно и со намера да се стекне со противправна имотна корист, подигнал парични средства во готово во износ од 53.872.587 денари, на име „материјални и патни трошоци“ без да изготви и достави документација.

Промовиран порталот „Е-наука“ како национална база за истражувачите, науката и иновациите

Досега во „Е-наука“ се регистрирани 229 истражувачи, за кои се достапни податоци за образованието, вработувањето, научното звање, институцијата, научното поле, како и резултатите и индикаторите од базите „Веб оф сајнс“, „Скопус“ и „Гугл сколар“.

Не е отпуштен ниеден наставник, иако во основното образование има 200 паралелки помалку, а во средното 100

Во моментот има околу 200 паралелки помалку во основното образование и 100 паралелки помалку во средното образование, соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска.

To top