Македонија

Муцунски ја пречека Марта Кос во Скопје

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево на скопскиот аеродром ја пречека еврокомесарката за проширување Марта Кос, која денеска и утре ќе престојува во земјава. Нејзината посета на земјава е по повод утрешната лидерска средба Европска Унија – Западен Балкан која се одржува во Скопје и на која ќе се разговара за […]

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево на скопскиот аеродром ја пречека еврокомесарката за проширување Марта Кос, која денеска и утре ќе престојува во земјава.

Нејзината посета на земјава е по повод утрешната лидерска средба Европска Унија – Западен Балкан која се одржува во Скопје и на која ќе се разговара за Планот за раст.

„На состанокот на лидерите од ЕУ и Западен Балкан, фокусот ќе биде ставен на Планот за раст, реформската агенда, како и на предизвиците со кои се соочуваат нашата држава и регионот на патот кон полноправно членство во ЕУ“, информира министерот за надворешни работи во објава на Фејсбук.

Муцунски најави дека денеска тој и премиерот Христијан Мицкоски ќе остварат средба со Кос, потенцирајќи дека за Владата евроинтеграциите не се само декларативна заложба, туку јасна стратегиска определба.

Најнови вести од: Македонија

„17“, македонскиот игран филм, апсолутен победник на Сараевскиот филмски фестивал

Долгометражниот игран филм „17“ во режија на Косара Митиќ на 32. издание на Интернационалниот Филмски фестивал во Сараево освои вкупно четири награди со што испиша историја за македонската кинематографија на овој еминентен европски фестивал

Ангелов: Постојат индиции дека пожарот на Китка го потпалуваат злобници од користољубие или од одмазда

„Им порачувам на потпалувачите дека сите државни служби работат на откривање на нивниот идентитет и порано или подоцна ќе бидат изнесени пред лицето на правдата“, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување

Што ќе поскапи најмногу поради војната и климатските промени?!

Следниот инфлаторен удар можеби нема да дојде од бензинските пумпи, туку од полиците со леб, тестенини, масло и млечни производи. Војните, сушата и екстремните горештини создаваат комбинација што истовремено ја намалува понудата на земјоделски производи и ги зголемува трошоците за нивно производство. Токму затоа економистите сè погласно предупредуваат дека храната повторно може да стане еден многу скапа.

To top