Македонија

Муцунски: Подготвени сме да ги спроведуваме реформите, но бараме нашиот напредок да се вреднува според резултатите, заслугите и европските критериуми

На покана на министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски, денеска во официјална дводневна посета на Република Македонија престојува заменик-претседателот на Владата и министер за надворешни работи на Чешката Република Петр Мацинка. Во средиштето на средбите во Охрид беа натамошното зајакнување на заемните односи и потврдувањето на постојаната чешка поддршка за европската интеграција на Македонија.

Двајцата соговорници заеднички оценија дека македонско-чешките односи се одликуваат со високо ниво на политички дијалог, искрено пријателство, меѓусебна доверба и партнерство, при што беше изразен заемен интерес за нивно натамошно продлабочување. Значаен дел од разговорите беше посветен на економската соработка, зголемувањето на трговската размена и можностите за нови чешки инвестиции. Беше истакната подготвеноста за засилување на контактите меѓу надлежните институции и бизнис-заедниците на двете земји, особено во транспортот и инфраструктурата, енергетиката, туризмот, земјоделството и технолошките инвестиции.

„На економски план постои значителен простор за повеќе. Чешката Република веќе се вбројува меѓу нашите 15 најзначајни трговски партнери, но нашата амбиција е оваа соработка да ја подигнеме на повисоко ниво. Гледаме конкретни можности во транспортот и инфраструктурата, енергетиката, туризмот, земјоделството и технолошките инвестиции“, истакна министерот Муцунски по средбата.

Соговорниците разменија мислења и за актуелните регионални, европски и глобални безбедносни прашања. Како сојузници во НАТО, беше нагласена потребата од натамошно зајакнување на соработката и координацијата, како и заедничката одговорност за зачувување на мирот, безбедноста и стабилноста во Европа и во регионот, особено во услови на длабоки геополитички промени и зголемени безбедносни предизвици. Посебно внимание беше посветено на европската перспектива на земјата и на процесот на пристапување кон Европската Унија. Министерот Муцунски изрази благодарност за принципиелната и континуирана поддршка на Чешката Република за европската перспектива на Западниот Балкан и за полноправното членство на Македонија во Европската Унија.

Во разговорите беше потврдено дека Чешката Република останува јасен поддржувач на политиката на проширување, препознавајќи го нејзиното стратешко и геополитичко значење за стабилноста, безбедноста и просперитетот на европскиот континент. Соговорниците разговараа и за реформските процеси, европската агенда и прашањата од значење за натамошниот напредок кон полноправно членство. „За нас, европската интеграција останува стратешка определба. Подготвени сме да ја завршиме нашата работа, да ги спроведуваме реформите и да ги исполнуваме европските стандарди. Но процесот мора да биде кредибилен и предвидлив, а напредокот да се вреднува врз основа на резултати, заслуги и однапред утврдени европски критериуми. Тоа не е барање за привилегиран третман. Тоа е барање за фер и европски процес“, нагласи Муцунски.

Изразувајќи задоволство од посетата и благодарност за гостопримството, министерот Мацинка нагласи дека посетата, покрај политичката и билатералната, има и значајна бизнис-димензија. Во официјалната делегација се вклучени и претставници на повеќе чешки компании, кои во рамките на дводневната посета ќе остварат директни контакти со македонската бизнис-заедница, со цел искористување на потенцијалот за B2B-соработка и натамошно унапредување на економските и трговските односи меѓу двете земји. На средбата беше реафирмирана заемната определба за натамошно унапредување на македонско-чешкото партнерство и за преточување на одличните политички односи во конкретна и продлабочена соработка во областите од заемен интерес.

Најнови вести од: Македонија

Ѓуров и Јотова бараат примена на „Францускиот предлог“, што е негирање на македонскиот јазик и Македонците, кои уште во 1890 бараа од Цариград негова употреба!

Пишува: Свето Тоевски „Тогаш, кога седевме настрана со вето, сите од целата ЕУ беа против нас. Но со францускиот предлог успеавме да промениме – не да биде Бугарија против ЕУ, туку С.Македонија да биде против ЕУ. Успеавме нашиот став да го направиме став на ЕУ и тоа нè стави во многу посилна позиција, отколку кога […]

(Фото+Видео): Нова авиолинија Скопје-Тиват, наскоро директно од Скопје до црногорското приморје

Станува збор за реализација на договореното при неговата претходна посета на Подгорица, нагласувајќи дека новото авиоповрзување ќе има значење за зголемување на размената меѓу двете држави.

Пријавете се на работилницата на „Реплек“ со Марко Пејчиновски: „РЕсет за внатрешна сила. РЕсет за добросостојба“

Овие иницијативи се надополнување на бројните активности што компанијата континуирано ги реализира за своите вработени во рамките на платформата РЕсет, со цел поттикнување здрави животни навики, личен развој и целокупна добросостојба.

Мицкоски: Очекувам победа на ВМРО ДПМНЕ во Брвеница! Да се гласа не за етнички поделби, туку за подобар живот во Македонија!

Денеска ќе имаме завршно обраќање пред жителите на Брвеница. ВМРО-ДПМНЕ во секоја кампања влегува со цел да победи, така и во оваа кампања во Брвеница, во вториот круг. Во првиот круг имавме најмногу гласови, речиси 3000, очекуваме тој број на гласови да го зголемиме. Очекувам победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата – изјави денеска премиерот и лидер на владејачката македонска партија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на вториот круг за избор на градоначалник на општина Брвеница.

Тачи: Албанските партии треба да се договорат за документ за целосна политичка и територијална автономија на Албанците во Македонија!

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, меѓу другото, во емисијата „Дијалог“ на медиумската платформа на „Лајм“  зборуваше и за „потребата од постигнување договор меѓу албанските партии за одобрување на документот за целосна политичка и територијална автономија“.

Агатангел: ВМРО-ДПМНЕ ќе владее колку Тито, оваа Влада ја консолидира Македонија како држава и ги штити националните интереси!

Митрополитот Повардарски Агатангел изрази целосна поддршка за премиерот Христијан Мицкоски и актуелната Влада, оценувајќи дека државата е во сигурни раце, во интервју за телевизија „Алфа“, тој прогнозираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на власт онолку долго колку што владеел Јосип Броз Тито.

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Најнови вести

To top