Вработените во Министерството за внатрешни работи повторно се здравствено осигурани, откако надлежните го отстранија проблемот што се појави во претходниот период.
Од МВР соопштија дека по преземените мерки и успешната координација со Фондот за здравствено осигурување, прашањето е целосно решено и на сите вработени повторно им е обезбедено здравствено покритие.
Од Министерството истакнуваат дека и натаму се посветени на заштитата на правата и интересите на вработените, како и на непреченото остварување на нивните права што произлегуваат од работниот однос.