Македонија

МВР во лов за откривање лажни возачки дозволи

МВР во текот на денешниот ден спроведува координирана акција со претреси на дваесетина локации поради сомненија за незаконско издавање и фалсификување возачки дозволи за C и D категорија

 

Акцијата е насочена кон расчистување на случаите и обезбедување материјални докази.

Неодамна во медиумите се актуелизираше голем корупциски скандал во МВР поврзан со незаконско издавање и допишување на „Ц“ и „Д“ категории (за камиони и автобуси) во возачките дозволи на лица кои воопшто немале посетувано обука ниту положено испит.

Се појавија сомнежи дека на овој начин се фалсификувани повеќе од 300 возачки дозволи, а некои од инволвираните службеници претходно биле поврзани и со аферата за лажни пасоши („Двојник“).

Одделот за внатрешна контрола при МВР започна опсежна истрага, а министерот Панче Тошковски потврди дека се преземаат мерки во координација со Основното јавно обвинителство (ОЈО). Тој најави најстроги санкции за секој кој ја злоупотребил службената позиција.

Најнови вести од: Македонија

To top