Македонија

На Героски случајот ИРЛ му личи на свирка, изненаден од навредите кон него најавува одговор

Изненаден од бедните навреди од ИРЛ

На новинарот Бранко Героски случајот ИРЛ од каде за досието Кочани не објавија имиња на функционери на СДСМ, му личи на свирка. Тој е изненаден од навредите кон него и најавува одговор за утре.

Героски кој обелодени работи кои ИРЛ во својот текст за Кочани не ги објави, се чуди зошто од ИРЛ не ги коментираат неговите конкретни информации од неговата статија туку се занимаваат со нивните психички доживувања за него.

Според него бројните лаги и навреди кон него се бедни и на нив ќе одговори утре.

,,Ова со ИРЛ на крајот изгледа ќе испадне тешка свирка!

Да бидам искрен, малку ме изненади коментарот на ИРЛ, во кој Редакцијата, со многубројни лаги и навреди на моја сметка, полемизира, но не со мојата статија за телефонската комуникација на актери во кочанската трагедија, туку со своите доживувања на мојата прецизна анализа, којашто силно ги возбудила “истражувачките” новинари”, пишува Героски кој се токмел да одговори ,,на ова бедно писание”, но вчера попладне до него допреле информации за причините поради кои неговата анализа предизвикала шок и вонредна состојба во Редакцијата на ИРЛ.

,,Наводно, моите извори велат дека најмногу се вознемирил свиркачот или свиркачката на Редакцијата на ИРЛ (да не дискриминираме никого по родова основа, нели). Тој или таа, се исплашил(а) од можноста јавно да откријам кој ја доставил документацијата од истрагата до Редакцијата на ИРЛ, која “истражувачките новинари” наводно ја провериле “од два независни извора”. И на тоа, демек, потрошиле многу труд и време.
Поради тоа, одлучив одговор на нападот од ИРЛ да објавам в понеделни наутро.
Не само поради тоа. Како “обичен” новинар, нели, јас за викенди се трудам да не работам. Си се дружам со моите пријатели и пријателки олигарси, со бубачки и шумски ѕверки, бидејќи, меѓу другото, веќе сум и човек во години”, со доза на иронија пишува Героски.

,,Денеска (сабота), на пример, имав поважна работа, морав да се посветам на подготовка на мојата градина за зимската сезона. Па се мачев до доцна попладне. Можеби кај Сашка Цветковска ситуацијата е вонредна, ама кај мене е редовна. А ете, неволно, утре (недела), ќе морам да издвојам малку време за да го подготвам мојот контранапад.
Ќе барам и празнична дневница од моите пријатели олигарси…
Во меѓувреме, го молам свиркачот, или ја молам свиркачката, да се потсмири малку. Точно е дека јас знам кој е изворот на ИРЛ, но да не се секира, бидејќи јас не ги откривам ни своите, а ни туѓите доверливи извори. Е сега, малку е незгодно тоа што повеќе луѓе знаат кој е свиркачот или свиркачката на ИРЛ, но тоа не е мој проблем.
Што се однесува до мене, дечки “истражувачи”, вие слободно свиркајте си. Ионака ми се чини дека ова вашево наскоро ќе испадне една тешка свирка…
Имам порака и до некои колеги и читатели, кои во дел од коментарите на социјалните мрежи изразиле сомневања дека ги поседувам материјалите што ги обелоденив. Односно, рекле дека јас нешто сум измислил, да не речам “истражил”. Драги мои, да повторам по којзнае кој пат: јас не сум “истражувачки новинар”! Како овие од ИРЛ. И јас не се вадам на финти како “два независни извора”, на лаги и паралаги. Не барам да ми верувате на збор. Еве, нека повели кој сака – на пример, нека повелат двајца новинари заедно, може еден и од ИРЛ да биде – и јас лично ќе им го покажам на двајцата заедно материјалот што го поседувам и што го анализирав. Нема да им дадам ништо да објават, се разбира, но може слободно да ме фактчекираат за секој напишан збор во мојата анализа.
Јас навистина немам намера да ги објавувам сите комуникации што ги имам (не се многу), бидејќи и натаму тврдам дека станува збор за индиции а не за докази (овие “истражувачкиве” новинари не ја знаат разликата, изгледа не биле на тој час на обуката). И натаму тврдам дека новинарите не се овластени да водат кривични истраги за индиции, да вештачат, да глумат детективи – истраги водат истражните органи.
Значи, драга децо, сите малку да си се успокоите и да не се нервирате многу, особено не на празник.
Се читаме пак в понеделник наутро.
Пријатен викенд ви посакувам со една убава песничка (во првиот коментар е). Пејте и свиркајте си!”, пишува Героски кој ако го употреби принципот на кој ИРЛ кон него упати навреди и обвинувања јавноста ќе сведочи за интересни работи.

Што напиша преходно ИРЛ за Героски на овој ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

Кекеновски: Од државотворна партија СДСМ стана урнатина, а Филипче е лидер без идентитет, поради блискоста со неговиот ментор Заев!

„Денешната пресметка во СДСМ не е борба меѓу левица и центар, меѓу традиционална и модерна социјалдемократија или меѓу различни економски и национални политики. Тоа е борба меѓу групи што сакаат да докажат дека токму тие имаат право да управуваат со преостанатата партиска инфраструктура: членството, имотот, финансиите, општинските организации, пратеничките места и можноста еден ден повторно да се учествува во власта.“ – нагласува универзитетскиот професор д-р Јове Кекеновски во својата колумна со наслов „СДСМ: Од државотворна партија до политичка урнатина – хроника на едно самоуништување“ (втор дел).  која ја објави „Плус инфо“.

Обвинителите бараат Уставниот суд да се изјасни за намалените плати, тврдат дека е „загрозена самостојноста на Јавното обвинителство“

Советот на јавните обвинители, Јавното обвинителство и Здружението на јавните обвинители реагираат, поради тоа  што Уставниот суд сè уште не одлучил по иницијативите за намалените плати. Според нив, „ваквата состојба создава нееднаков третман меѓу обвинителите и судиите и ја загрозува самостојноста на Обвинителството“.

Мицкоски: Реконструкцијата на Владата донесува нова енергија и уште поголема одговорност, зашто најважниот дел од работата допрва започнува!

„Како нови министри предлагам луѓе, кои доаѓаат со различни професионални искуства, но со иста обврска – да работат чесно, одговорно и со чувство дека секој ден што ќе го поминат на функцијата им е даден oд народот и му припаѓа на народот.“ – порача премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски денеска во Собранието на Република Македонија, образложувајќи го пред пратениците предлогот за именување нови министри во рамки на реконструкцијата на Владата на Република Македонија.

Левица: СДСМ се против една изборна едница, очајнички обидувајќи се да се спаси од распаѓање!

„За СДСМ, сепак, сегашниот изборен модел е прашање на политичко преживување. СДСМ упорно одбива да одговори на прашањето: дали сте за една изборна единица или не? Сè друго е очајнички обид да се спаси сопственото распаѓање!“ – нагласува Левица во своето соопштение.

Манасиевски: Дијаспората жртва на СДСМ, Левица и ДУИ

Со месеци се бараше заедничко решение, но наместо процесот да заврши со политички консензус, споменатите избраа да го блокираат законот и да ги стават сопствените партиски интереси пред интересите на десетици илјади македонски иселеници

Најнови вести

To top