Македонија

Над 31 милион евра инкасирани од патарини

Во споредба со претходната година, ова претставува зголемување од приближно 350.000 евра

 

Во првите шест месеци од 2026 година, државата собрала рекорден износ од 1,92 милијарди денари – нешто повеќе од 31 милион евра – од наплата на патарина.

Во споредба со претходната година, ова претставува зголемување од 21,9 милиони денари, односно приближно 350.000 евра.

Долгите редици на наплатните рампи, застојот на возилата и изгубеното време при патувањето би можеле постепено да станат минато, доколку земјата го спроведе планот за модернизација на системот за наплата на патарина.

Надлежните институции разгледуваат нов модел кој би овозможил побрзо движење на возилата, поголема употреба на електронско плаќање и модернизација на патната инфраструктура.

Според Јавното претпријатие за државни патишта, во тек се анализи за воведување модерен систем за наплата на патарина, кој би користел електронски уреди („тагови“) на влезните и излезните точки на автопатите.

Од институцијата наведуваат дека првичните анализи се фокусирани на патниот правец Кичево – Охрид, а се разгледува и можноста за проширување на системот и на други делови од автопатската мрежа.

 

Најнови вести од: Македонија

Обвинителката која 5 години без докази го прогонува Жан Митрев ветува рационализација на предмети за да стане шефица на организиран криминал

Во правосудните кругови се шпекулира дека Хаџи Василева има поддршка од една обвинителка која е блиска на кругови блиски на кланот Заеви и дека во гласањето на обвинителите ќе бидат ангажирани мрежите на Зоран Заев во правосудството и нивните бизнис партнери

To top