Македонија

Најновиот напад врз Македонците го предизвика Централниот совет да тргне во офанзива

Официјално соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година.

Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република Бугарија за да започне незапаметена кампања на дехуманизација и етничка агресија против македонската нација.

Особено загрижувачки е фактот што оваа реторика беше преточена во формална парламентарна законска и уставна иницијатива. Таа бара присилно законско деградирање на меѓународно кодифицираниот македонски јазик во обичен „бугарски дијалект“, како и официјално негирање на нашата самостојна нација, се вели во реакцијата на ЦСМВГ.

Во писмото се анализира отворениот прекршок на европските темелни вредности од страна на Бугарија.

,,Како регистрирана организација која ги застапува интересите на своите членови и граѓани со македонско потекло во Германија, нагласуваме: Правото на етничка самоидентификација и негувањето на сопствениот мајчин јазик се неотуѓиви човекови права, заштитени со Универзалната декларација за човекови права на ОН, како и со Европската конвенција за човекови права (ЕКЧП).

Систематичниот антимакедонизам од страна на политички функционери на земја-членка на ЕУ фундаментално ги крши темелните вредности на Европската Унија (Член 2 од ДЕУ). Ваквите иредентистички иницијативи намерно поттикнуваат етничка омраза, го загрозуваат меѓуетничкиот мир на Западен Балкан и го оптоваруваат соживотот во европското семејство на народи и во дијаспората во Германија”, стои во реакцијата и се наведуваат преземените конкретни политички и дипломатски чекори.

Централниот совет на Македонците во Германија нема мирно да ги набљудува овие напади.

Од таму велат дека реагирале веднаш и покренале обемен пакет дипломатски и политички документи.

Официјалните протестни и придружни писма истовремено биле доставени до следните институции:

До Амбасадата на Република Бугарија во Берлин (како и до генералните конзулати во Франкфурт и Минхен) – со изречно барање да се дистанцираат од изјавите на Костадинов и строго да ги отфрлат сите предлози кои го навредуваат нашиот идентитет.
До Министерството за надворешни работи на Германија (до рацете на сојузниот министер д-р Јохан Вадепул и надлежниот Сектор за Југоисточна Европа) – со апел јасно да се осуди овој агресивен ревизионизам пред бугарските партнери и да се заштити општествениот мир на дијаспората во Германија.
До Комитетот за човекови права и хуманитарна помош на германскиот Бундестаг – со цел растечкиот антимакедонизам да се стави на парламентарната агенда на сојузната политика.

До Европскиот парламент и Европската комисија – за проверка на прекршувањата на темелните права на ЕУ.

Идентитетот, културата и јазикот на Македонците не се предмет на пазарење и не претставуваат валута за поткуп на националистички актери. На секој обид за негирање на нашето достоинство во земјата или во странство ќе му се спротивставиме со сите легитимни демократски и правни средства, се наведува во реакцијата на Централниот Совет на Македонците во Германија.

Најнови вести од: Македонија

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

Целосно слеп човек повикан да докажува дека е слеп и му била намалена помошта – ДКСК утврди дискриминација од стручната комисија

Човек целосно слеп на двете очи, чија здравствена состојба е медицински утврдена како трајна и непроменлива, повторно бил повикан на контролен преглед за да му се проценува потребата од туѓа помош и нега. Помошта што претходно ја добивал му била определена во помал обем.

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

(Фото): Означен стартот на 22. издание на „Виз Ер Скопски маратон“, улиците преполни со учесници

Град Скопје е покровител на спортската манифестација, а градоначалникот вели дека градските служби се подготвени да ја обезбедат потребната поддршка за нејзино успешно одржување.

Најнови вести

To top