Македонија Бизнис

Народна банка ги намали надоместоците за банките, која банка прва ќе направи порег?!

Народната банка ги намали надоместоците за банките, на потег се банките да ги намалат провизиите за граѓаните и бизнисот. Гувернерот Трајко Славески, очекува брза реакција од банките, но иако одлуката на централната банка стапува на сила од август – рок до кога банките треба да ги намалат провизиите нема.

Гувернерот Трајко Славески, по одлуката на Советот на Народната банка со која се создаде простор за намалување и поедноставување на надоместоците што банките ги наплаќаат на граѓаните, порача дека сите очекуваат разумно однесување и оти банките можат олеснувањето од НБ кон нив веднаш да го пренесат на клиентите. Не даваме никакви рокови, станува збор за одговорни субјекти кои треба да ги ревидираат своите тарифи и мислам дека повеќето од нив тоа го работат во моментот, рече Славески.

  • Како НБ се разликуваме од банките во третманот на платниот систем. Платниот систем е крвоток на економијата и тоа е третманот на јавна корист која не се разликува снабдување со вода, струја, телекомуникации.. Да се овозможи значителен пристап до секој полнолетен граѓанин до услугите на платниот систем за извршување трансакции кои се дел од секојдневното живеење мора да има и таков тртеман. НБ во соработка со други државни органи, Владата, парламентот, има начини, идеи, како во случај на повторно неследење на сигналите би постапила во иднина, изјави гувернерот. 

На состанокот со Македонската банкарска асоцијација укажале на ставките според меѓународните стандарди и праксата на мајките банки на нашите банки со доминатен странски капитал, да се приспособат кон тие стандарди.

  • Одлука на секоја банка е да ги следи сигналите на НБ и ние стекнавме таков впечаток во разговорите, очекуваме не само ова од што ние се откажуваме како НБ како олеснување за дологовниот промет при порамнувањето, туку дополнителни намалувања на издатоците што ги имаат граѓаните и приватниот сектор кон банките.

Советот на Народната банка вчера донесе одлука за воведување нов модел на надоместици што банките ги плаќат за услугите на Македонскиот интербанкарски платен систем (МИПС). Со оваа промена, според Славевски се воспоствува поедноставна и поконкурентна структура на тарифите, а тоа ќе овозможи пониски трошоци за електронските плаќања и ќе придонесе за поевтини услуги кон граѓанте и компаниите.

Одлуката стапува во сила на 1 август по што се очекува дека банките ќе покажат разбирање за јавниот интерес и за придобивките за економијата во целина од едноставните, лесно достапни и евтини платежни услуги во државата. 

Советот на Народната банка донесе и одлука со која воведе тарифа за плаќањата на државните органи во евра со земјите од СЕПА во фиксен износ од 3 евра по трансакција за електронски иницираните налози и 5 евра за налозите иницирани на хартија. Наместо просечните 14 евра по трансакција преку коресподентно банкарство, со новиот тарифник се воведува фиксен надомест од три евра за електронски плаќања и од пет евра за хартиени.

  • На овој начин праќаме јасна порака – очекуваме пофер и поевтини платни услуги за сите. Народната банка ја поддржува изградбата на ефикасен и конкурентен платен пазар во земјава, во согласност со европските стандарди и во духот на интеграцијата во СЕПА, истакна гувернерот.

Тој посочи дека банкарскиот сектор е стабилен, и покрај светските предизвици, а Народната банка и во иднина ќе ги води своите политики одговорно и внимателно, заради одржување на финансиската стабилност и за унапредување на платниот систем во земјата.

Како една од причините на Народната банка за барањето за намаливање на тарифите на приватните банките е тоа што во Македонија тие имале  повисоки цените од тие ги имаат нивните мајки банки кои се во земјите од Европската унија. Последни на што жестоко реагираа граѓаните се трооците кои ги плаќаат за одржување на електронското банкраство или вадење на кеш од туѓи банкомати.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Се води ли војна преку водата за пиење и зошто нема доверба во институциите?!

22 дена во градскиот водовод во Гостивар биле вклучени пумпи кои наводно го полнеле системот со вода од површински канал од реката Вардар, наводно за да се зголеми притисокот во летниот период. Ова навидум наивно објаснување актот во Гостивар, кој практично имаше ефект на терористичко дело, за жал беше „поткрепено“ со документ од државна институција.

(Колумна): Ладење со вентилатор?

За време на големите топлински бранови (горештини) во некои европски земји (Франција, Англија, …) на телевизија гледавме сцени како наутро при отворање на продавници се создаваа големи турканици за купување било какви апарати за ладење, а најчесто гледавме како грабаат вентилатори.

Македонија скокна за 29 позиции на Глобалниот индекс за сајбер безбедност

Македонија бележи значителен напредок на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност (National Cyber Security Index – NCSI), искачувајќи се за 29 позиции и достигнувајќи го 30. место меѓу 155 рангирани држави и територии.

МПЦ-ОА до Вучиќ: Ги отфрламе сите политички, идеолошки светови или платформи, од каде и да доаѓаат!

По повод неодамнешната изјава на српскиот претседател Александар Вучиќ дека „Српската Црква е иста и во… Скопје…“ денеска реагира Архиерејскиот синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА).

To top