Македонија Бизнис

Народна банка најавува мерки за стабилизација на цената на становите

Народната банка располага со мерки и инструменти да одговори на сите предизвици за да имаме ниски и стабилни цени, уверува гувернерот Трајко Славески. Тој денеска информира дека НБ внимателно ги следи сите случувања и ги анализира изворите на скокот на цените.

Цената на становите, наедвижностите во земјава кои заминаа до небо се повод за загриженост на Народната банка. Гувернерот Трајко Славески рече дека веќе се подготвува сеопфатна анализа за причините за ваквата состојба и најави мерки, кои ќе вклучат и повеќе државни институции. Тој смета дека за стабилизирање на цените на недвижностите е потребен за да не дојде до сериозни социјални и економски проблеми.

  • Според мерењата направени досега цените на недвижностите се високи. Тоа е веќе причина за загриженост. Нардона бнака во консултација со другите институции ќе треба да го реши овој проблем. Би сакале да ги насочиме нашите активности кон јасна  дистинкција на она што значи кредитирање на граѓаните за решавање на станбено прашање, посебно на младите, од кредитирањето како инвестиција или во некој случај шпекулација во очекување на повисоки цени на становите. Затоа што сме свесни дека станот или куќата во кои живееме може да стане место за шпекулација бидејќи состојбата каква што е може да предизвика социјални и економски проблеми – рече Славески.

Тој денеска информира дека НБ внимателно ги следи сите случувања и ги анализира изворите на скокот на цените.

  • Очекуваме смирување на инфлацијата и подготвени сме ако е потребно да преземеме соодветни мерки, не можеме сами, зашто има мерки од даночната политика и други, но го работиме тоа и наскоро ќе има информација, рече Славески.
  • Се надеваме дека повеќето од факторите се еднократни, како поскапувањето на сезонското овошјето и зеленчукот и сметаме дека во иднина работите ќе се стабилизираат. НБ располага со мерки и инструменти да одговори на сите предизвици за да имаме ниски и стабилни цени зашто тоа е една од нашите законски цели. Во моментов вршиме сериозни анализи за растот на цените на недвижностите, особено на становите и тука подготвуваме мерки за кои ќе бидете информирани во иднина зашто според мерењата, растот на цените на недвижностите е причина за загриженост. НБ во комункација со другите институции, би сакала да ги насочи активностите кон јасна дистинкција меѓу кредитирањето на станови или објектите за живеење особено кај младите и кредитирањето на недвижностите кои се инвестиција или во некој случај шпекулација во очекување на натамошен раст на цените. Во оној момент кога станот или куќата ќе стане предмет на шпекулација, може да настанат сериозни социјални и економски проблеми и тука сме многу внимателни, потенцира гувернерот.

Најнови вести од: Македонија Бизнис

4iG IT склучи договор со владата на Црна Гора вреден 54 милиони евра за модернизација на безбедносните служби и граничната полиција

Ова е првиот договор на 4iG Групацијата за обезбедување ИТ услуги за странска влада, со кој компанијата го проширува своето меѓународно присуство преку испорака на современи технолошки решенија и интегрирани информациски системи

(Видео): Работоспособно население не значи автоматски и продуктивно

Со зголемувањето на квотата за странски работници е надминат и недостигот од околу 670 работници во стопанството, велат од Владата и сметаат дека до 2030 година земјава треба да достигне квота од 50 000 странски работници годишно.

To top