Македонија

Народниот херој Благоја Јанков-Мучето, убиен пред 82 години од страна на бугарскиот фашистички окупатор

На денешен ден, на 14 јули 1944 година бугарскиот окупатор го открил скривалиштето на народниот херој Благоја Гане Јанков-Мучето во една куќа во Струмица и го убил откако овој се вдал во бегство низ градските улици. Претходно бугарскиот воен суд го осудил на смрт во отсуство и издал потерница со награда за него. Благоја Јанков – Мучето бил организатор на првите отпори против бугарските окупаторски власти во Струмица.

 

Благој Јанков – Мучето (3. VI 1911 – 14. VII 1944) е македонски револуционер, шивачки работник, комунистички деец и народен херој. Го раководел штрајкот на струмичките шивачки работници (12–15. X 1936), по што заминал во Белград. Во 1936 година бил примен за член на КПЈ. По враќањето во Македонија бил член на МК на КПЈ во Струмица и член на привремениот ПК на КП во Македонија (од септември 1940). Како инструктор на ПК со седиште во Штип (октомври 1940 – август 1943), бил еден од организаторите на НОАВМ во Струмица, Скопје, Штип, Берово, Пехчево, Валандово и Радовиш. При една партиска провала во Штип (17. VIII 1943) бил ранет, а во провалата во Струмица загинал во борба со бугарската полиција. Прогласен е за народен херој на Југославија (11. X 1951).

Дејност на Благоја била забележана од српската полиција и веќе во 1927 година првпат бил уапсен како опасен антидржавен елемент. Тој бил затворен во белградскиот затвор Главњача, каде бил измачуван. По шест месеци бил пуштен и протеран во роднит град. По доаѓањето во Струмица, Благоја се ангажирал во организирињето на работниците во Сојузот на работничките синдикати на Југославија. Наишол на добар одзив и во периодот од 12 до 15 октомври 1936 година го раководи штрајкот на кројачките работници кој успешно го завршил. Поради развиената сидикална активност, полицијата го прогонува и тој повторно заминал за Белград.

Во 1936 година станал член на Комунистичката партија Југославија. Како искусен синдикалец и организатор на штрајкови влегол во Штрајкувачкиот одбор во Белград. Во текот на една демонстрација, полицијата повторно го уапсила и го мачела во затворот Главњача. По излегувањето од затвор Благоја станал член на Реонскиот комитет на КПЈ во Белград. Во септември 1940 година Благој Јанков станал член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Потоа била упатен на местото инструктор во источна Македонија. По враќањето во Македонија бил член на МК на КПЈ во Струмица и од септември 1940 година станал член на привремениот ПК на КП во Македонија.

Благоја Јанков – Мучето бил организатор на првите отпори на бугарските окупаторски власти во Струмица. Како инструктор на ПК со седиште во Штип од октомври 1940 до август 1943 година, бил еден од организаторите на НОАВМ во Струмица, Скопје, Штип, Берово, Пехчево, Валандово и во Радовиш. Бугарската полиција набрзо го открила и ја следела неговата дејност. Како илегалец најмногу се движел во Штип и околината. Во својство на член на Обласниот комитет создал партизанска база во селото Долани. Како секретар на Четвртиот окружен комитет на КПМ во Штип од март 1943 до1944 година, при една партиска провала во Штип бил ранет на 17 август 1943 година, а во провала загинал во борба со бугарската полиција на 14 јули 1944 година во Струмица.

Благој Јанков – Мучето прогласен е за народен херој на Југославија на 11 октомври 1951 година.

„Македонска нација“

„Википедија“

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

„Секое одложување на поврзувањето е пропуштена можност. Секоја одложена инвестиција има економска последица. И секоја политичка цел има цена којашто не ја плаќаат институциите, туку граѓаните“

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

To top