Македонија

Не запираат скандалите на ЈО на судењето на Жан Митрев

,,Ова укажува на сериозна опасност дека процесот е монтиран”

Нов скандал на судењето на доктор Жан Митревоткрива МКД.мк откако обвинителството при оценка на Обвинителниот акт приложи записник на македонски јазик од сведок кој не го разбира тој јазик.

На последното рочиште од судењето на кардиохирургот Жан Митрев се случи нов скандал. На рочиштето се вршеше распит на сведок – оштетена Имиѓил Шахини, која прашана од судот изјави дека не го разбира македонскиот јазик и бара преведувач за да го даде исказот. Давањето исказ се одвиваше преку овластен судски преведувач од македонски на албански јазик.

Одбраната го посочи Записникот за сослушување на овој сведок составен на македонски јазик и потпишан од сведокот и од обвинителот без преведувач, со износ на побарана наведен во Обвинителниот акт сосема различен од она што оштетената, преку преведувачот, го побара. Различно беше и образложението на сведокот.

По приговорот на одбраната, обвинителот кажа дека износите наведени во обвинителниот акт биле проста математичка операција. Според одбраната, законот не му дозволува на обвинителот да прави математички операции, туку обвинението да го заснова на исказ на оштетен даден на јазик што го познава.

Познавачите на правото наведуваат дека испитување на оштетен кој не го познава јазикот без преведувач претставува груба повреда на законот и Уставот и обвинението не смеело да биде одобрено со таква повреда.

Јавноста веќе беше информирана за сличен скандал на истото судење кога во записникот на обвинителството од сослушуван сопруг на оштетена, тој се потпишал под името на оштетената.

Познато е и тоа дека обвинителката групно сослушувала сведоци, во иста просторија и ги диктирала изјавите на секој сведок пред останатите присутни сведоци, откако претходно на групата ѝ објаснила за што се сослушуваат.

Вака прибавените докази се незаконити и контаминирани, коментираа експертите. Проф. д-р Гордан Калајџиев во врска со ваквите постапки на обвинителството изјави: „Не е законито ниту професионално ЈО да им сугерира на сведоците дека се измамени, односно жртви и оштетени, а уште помалку да сугерира што да изјават пред судот! Тезата на обвинителството треба да произлезе од изјавите на сведоците, а не обратно! Ова укажува на сериозна опасност дека процесот е монтиран. Битно е и тоа дека сведоците, односно пациентите, најчесто немале никаков директен контакт со докторот, а тврдат дека лично ги измамил”, пренесува МКД.

Најнови вести од: Македонија

Глобален дефект во Мета ги собори Фејсбук и Инстаграм, во Македонија не може да се користи десктоп верзијата

Им се порачува на корисниците да не ја бришат мобилната апликација и да не го притискаат копчето за најава постојано за да не бидат блокирани под сомнеж за спам. Инженерите на Мета веќе работат на дефектот, а постепено нормализирање на мрежите се очекува во текот на денот.

Хаос на границата со Грција: Седум ленти преполни, возачи велат дека со часови чекаат, застој во меѓуграничниот простор

Километарски колони од возила се создадени утрово на граничниот премин „Богородица“ кон Грција, каде што сите седум коловозни ленти се исполнети со автомобили кои чекаат за излез од државата.

ИЈЗ: Водата во Гостивар не е за никаква употреба

До официјално укинување на забраната, водата од градскиот водовод не треба да се користи за пиење, ниту по превривање, освен ако надлежните институции не дадат поинаква препорака. АХВ издаде забрана за употреба на водата од гостиварскиот водовод поради сомнение дека е загадена и небезбедна за употреба.

Мицкоски до судиите: Пари нема да добиете

Мицкоски оцени дека станува збор за најдобриот извештај што Македонија го добила досега, иако призна дека во него има и забелешки. Тој рече дека ќе продолжи јавно да бара резултати од судиите и обвинителите бидејќи, според него, граѓаните не се задоволни од испораката на правда.

To top