Македонија

Неготинец работел осум месеци без плата, кога си ги побарал парите добил навреди и закани

Работел за џабе, па дури и го навредувале

Жител на Неготино пријавил во полиција дека бил измамен за 280.000 денари, односно околу 4.550 евра, откако осум месеци работел без да го добие договорениот надомест.

Според пријавеното, тој и пријавеното лице усно се договориле од септември 2025 година да биде работно ангажиран за одреден месечен надомест. Сепак, за периодот од јануари до август 2026 година не му бил исплатен договорениот износ.

Кога се обидел да ги побара заработените пари, според неговото сведоштво, во телефонски разговор бил навредуван и му биле упатени закани.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Битола во силен развоен циклус – инвестиции, инфраструктура и проекти што го менуваат градот, рече Коњановски

Проект поддржан од Владата во вредност од над 40 милиони денари, со што ќе добиеме прекрасна спортска сала над 1000 метри квадратни за да можат нашите боксери кои нижат успеси да добијат адекватни услови за спортување. А тука создаваме можност и за тие кои се занимаваат со авантуристички спортови, рече Коњановски.

Теророт врз Македонците во Грција и злогласниот закон на Метаксас од 7.9.1938 за забрана на македонскиот јазик!

На 7 септември 1938 година, диктаторскиот режим на Јоанис Метаксас во Грција го донесе Законот (Правен акт) 2366, со кој радикално се засили претходната забрана и целосно се криминализираше употребата на македонскиот јазик во Егејска Македонија — вклучително и во интимата на сопствениот дом и во кругот на семејството.

Се очекуваат 50 илјади лица на утрешниот концерт на Дејвид Гета по повод 35 години независност на Македонија!

Вратите на Градскиот стадион ќе се отворат утре во 17 часот. Претставници од Министерството за внатрешни работи и Авалон продукција денеска на прес-конференција апелираа до граѓаните да пристигнат навремено, да ги почитуваат насоките од полициските службеници.

To top