Македонија Бизнис

Нема повеќе обложување на странските веб платформи во Македонија

Овие денови македонските обложувачи повеќе не може да играат на странските веб платформи. Некои медиуми веќе објавија дека недостапен е и најголемиот и најпознатиот европски сајт за „кладење“ – Бет365. Оваа интернет страница повеќе не може да се отвори од македонска ај-пи адреса, со оглед што е меѓу тие за кои Владата изгласа забрана за работа во […]

Овие денови македонските обложувачи повеќе не може да играат на странските веб платформи. Некои медиуми веќе објавија дека недостапен е и најголемиот и најпознатиот европски сајт за „кладење“ – Бет365. Оваа интернет страница повеќе не може да се отвори од македонска ај-пи адреса, со оглед што е меѓу тие за кои Владата изгласа забрана за работа во нашата држава како нелегални, пренесува Фактор. мк „Го потпишав првиот налог за забрана на 53 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа, на кои биле прикачени македонски играчи на игри на среќа. Овие се најактивните, што значи дека имаат најголем број на играчи и најмногу средства“, соопшти пред неколку дена министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Во моментов единствена легална онлајн-платформа за обложување има Државната лотарија преку Мегавин. Извор: https://faktor.mk/nema-povekje-oblozuvanje-na-stranskite-veb-platformi-vo-makedonija

Најнови вести од: Македонија Бизнис

Унгарскиот премиер Маѓар ја пречека Сиљановска-Давкова во Будимпешта

Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, престојува во официјална посета на Будимпешта, каде што присуствува на високите државни и културни манифестации по повод одбележувањето на јубилејната 70-годишнина од Унгарската револуција од 1956 година

To top