Македонија

Невена Георгиева-Дуња (25.7.1925- 6.12.1942) бугарскиот фашистички окупатор мртва ја масакрирал и главата на кол ѝ ја носел низ Велешко, за да го заплаши востанатиот македонски народ

На 25 јули 1925 година во Скопје е родена на Невена Георгиева – Дуња, македонска револуционерка, организатор и учесник во оруженото востание во Македонија (од 1941). На 16 години била најмлада во Првиот скопски  одред и прва жена во партизанските одреди на Македонија. Својата младост херојски ја положува во темелите на македонската држава, загинувајќи на […]

На 25 јули 1925 година во Скопје е родена на Невена Георгиева – Дуња, македонска револуционерка, организатор и учесник во оруженото востание во Македонија (од 1941). На 16 години била најмлада во Првиот скопски  одред и прва жена во партизанските одреди на Македонија. Својата младост херојски ја положува во темелите на македонската држава, загинувајќи на 17 години во борбата со бугарските фашистички окупатори. Но не била прогласена како народен херој и со тоа ѝ била нанесена несфатлива историска неправда.

Многу мала остана без мајка си и така од најраните години ги осознала сите тешкотии на животот. За да заработи за живот, покрај учењето, таа се занимавала и со шиење. Меѓу двете светски војни станала припадничка на младинското, синдикалното и работничкото движење. Со своите 16 години, од 1941 година, како младинска активистка учествува во подготовките за оружено востание во Македонија. Како скоевка уште во 1941 година растурала летоци, а за да не биде фатена од окупаторската полиција, ги криела меѓу шиените фустани. Но, непријателот ја забележал нејзината активност, па морала да замине во илегалство.

Георгиева почнала со револуционерната дејност како членка на СКОЈ и на 16 години му се придружува на Првиот скопски партизански одред како еден од неговите први 12-мина припадници. Покрај скопскиот, учествувала во формирањето на уште два партизански одреда, велешкиот и струмичкиот, одејќи пешки низ Македонија за да го мотивира народот да се придружи на борбата. Станувајќи непријател број еден за бугарските окупациски власти поради своите активности: тие во отсуство ја осудиле на седум години затвор, а нејзината глава ја уцениле на 4 илјади лева. Во септември 1942 година станала борец на Велешкиот партизански одред „Димитар Влахов“.

Во 1942 година на 17-годишна возраст загина партизанката Невена Георгиева – Дуња во борбата со бугарските фашисти за слободата на Македонија. Партизанскиот одред „Димитар Влахов“ беше нападнат од бугарската окупаторска полиција. Невена Георгиева – Дуња, која се бореше во првите борбени редови на овој одред, беше смртно погодена од фашистички рафал. Има две верзии за датумот и местото на загинувањето на Дуња. Едната е дека тоа се случило кај Папрадиште, Велешко на 6 декември 1942 година, а во другата верзија, како што стои и на повеќе спомен-обележја, дека храбрата партизанка загинала на 16 декември кај селото Нежилово, Велешко.

Кога бил нападнат одредот започнала жестока битка, во која непријателот бил многу поброен. Неколку партизани заедно со Дуња ја бранеле нивната позиција. Пo неколкучасовна борба херојски загинала од фашистички рафал. Така на 17- годишна возраст згасна животот на оваа храбра Македонка, која останала светол пример како девојка–македонски патриот. Иако веќе била мртва, бугарскиот фашистички окупатор го масакрирал нејзиното безживотно тело. Ѝ ја отсекле главата и набиена на кол ја шетале низ велешките села, за да се заплаши востанатиот македонски народ. Заради страв на граѓаните на Велес нејзината глава ја ставиле во еден централен излог.

Во чест на Невена Георгиева се испеани неколку песни од НОВ, меѓу кои се и песните „По поле одат аргати“ и „Пуста останала таја контра чета“. Во скопскиот Жена-парк постои спомен-обележје посветено на Дуња. Била поставена нејзина биста во 1978 година и во Студентскиот дом во Скопје, што го носи нејзиното име. Во 2014 година нејзината биста во дворот на студентскиот дом била уништена, а во 2016 била украдена и нејзината биста во основното училиште во Кисела Вода. Во 2013 година е откриена нејзина спомен-плоча и во велешко Нежилово, соседно на Папрадиште.


Извор: Википедија, „Македонска нација“

Најнови вести од: Македонија

Велешанка (61) касната од пајак „црна вдовица“, работејќи на поле во Еловец, Велешко – заврши на Токсикологија

Велешанката е хоспитализирана откако пред неколку дена била касната од пајак – „црна вдовица“ додека работела на поле во велешкото село Еловец. Побарала помош откако отровот почнал да делува, а по укажаната помош во Велешката болница префрлена е на понатамошен третман на Клиниката за токсикологија во Скопје.

Објавени се резултатите од првото издание на регионалниот поетски конкурс „Ars Lyrica Balcanica – Регионална поетска награда“

Жири-комисијата ги додели наградите врз основа на поетската вредност, автентичноста на авторскиот глас, стилската зрелост и целосниот книжевен впечаток на творбите.

Вреди: Корумпираното раководство на ДУИ, алчно за власт, оди против Рамковниот договор и го блокира законот за правична застапеност!

„Албанците дочекаа Али Ахмети да блокира Закон за правична застапеност и со тоа да урива еден од темелните принципи на Охридскиот рамковен договор, заради алчност за власт!“ – рече на денешната прес-конференција на Вреди портпаролот Дритон Сулејмани.Натаму Сулејмани истакна: – Нереформираното раководство на ДУИ, во очај поради тоа што Албанците го испратија во опозиција, сега […]

Стратешкиот притисок на Индија на Балканот и реалноста на глобалната дипломатија

Анализа на британска авторка која посетата на Мурму на Македонија ја поврзува со прагматската архитектура на меката моќ која се случува надвор од историската носталгија на Балканот

Клековски: Во Гостивар забележани 109 нови случаи поврзани со епидемијата

Министерот за здравство Сашо Клековски информира дека во Гостивар се регистрирани 109 нови случаи поврзани со епидемијата, а по смирувањето на акутната фаза е воведен засилен надзор за следење на можни заразни заболувања.

Мицкоски: Протоколите не се дел од Преговарачката рамка, но ставот на бугарската страна е поинаков, поради егзибициите на претходната влада на СДСМ-ДУИ

Протоколите не се дел од Преговарачката рамка, но Бугарија го тврди спротивното, повикувајќи се на тоа што го договорила со претходната влада, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за протоколите за време на посетата на општина Илинден.

Водата за пиење во Крушево е исправна и безбедна за употреба – отстранет е дефектот во хлорирањето

Општина Крушево ја информира јавноста дека, согласно со резултатите од трите последователни лабораториски испитувања, извршени од страна на Центарот за јавно здравје-Прилеп, водата од градскиот водовод ги исполнува сите законски пропишани параметри за квалитет и е здравствено исправна и безбедна за пиење.

Најнови вести

To top