Македонија

Николоски: Меѓуградскиот воз Прилеп–Битола наскоро во функција

Според министерот, активирањето на железницата ќе придонесе за намалување на загадувањето, заштита на патната инфраструктура и повторно заживување на железничкиот транспорт во регионот.

facebook.com/NikoloskiA

Вицепремиерот и министер за транспорт и комуникации, Александар Николоски, најави дека меѓуградскиот железнички превоз меѓу Прилеп и Битола ќе биде воспоставен кон крајот на јуни или почетокот на јули.

Николоски го соопшти ова при денешната посета на Општина Могила, истакнувајќи дека возот ќе претставува важна алтернатива за граѓаните додека трае изградбата на автопатот Прилеп–Битола.

„Интензивно работиме со двете железнички претпријатија за да се подготви инфраструктурата, особено патните премини, и да се обезбедат возови со соодветна фреквенција“, рече Николоски.

Тој додаде дека цената на билетот ќе биде симболична – околу 150 денари, со цел услугата да биде достапна за што поголем број граѓани.

Паралелно, Министерството работи и на воспоставување на товарен (карго) железнички сообраќај кон Прилеп и Битола. Николоски истакна дека веќе постои интерес од компании за превоз на стоки преку железница.

Според министерот, активирањето на железницата ќе придонесе за намалување на загадувањето, заштита на патната инфраструктура и повторно заживување на железничкиот транспорт во регионот.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top