Македонија

Нови брендови и модерни концепти: Diamond Mall ја проширува својата понуда

Diamond Mall продолжува да се развива како динамична и современа шопинг дестинација, која постојано инвестира во збогатување на својата понуда и поквалитетно искуство за посетителите

Diamond Mall продолжува да се развива како динамична и современа шопинг дестинација, која постојано инвестира во збогатување на својата понуда и поквалитетно искуство за посетителите. Со јасна стратегија за развој и јакнење на својата позиција, овој влијателен трговски центар го засилува своето портфолио со нови, препознатливи меѓународни и домашни брендови.

„Проширувањето на нашата понуда со нови, внимателно селектирани домашни и меѓународни брендови претставува значаен чекор во понатамошниот развој на Diamond Mall како современа и посакувана шопинг дестинација. Наш приоритет е на посетителите да им овозможиме разновиден и квалитетен избор што ги следи најновите трендови, но истовремено и пријатно искуство при секоја посета. Веруваме дека токму балансот меѓу богатата понуда и целокупната атмосфера е клучен за градење долгорочна доверба и лојалност кај нашите потрошувачи и ќе продолжиме да работиме на обезбедување на најдоброто за нашите посетители“, изјави Селин Октај, директорка на Diamond Mall.

Меѓу новитетите е отворањето на N Selection, кој во Diamond Mall го претставува својот прв продажен простор на Балканот реализиран според најнов малопродажен концепт. Станува збор за современ продажен простор кој нуди внимателно избрана понуда на спортска и урбана облека и обувки, следејќи ги актуелните трендови и потребите на модерниот потрошувач.

Наскоро се очекува и отворање на најновиот концепт на модниот бренд Ted Baker, реномиран британски бренд за облека и модни додатоци, кој се издвојува по елегантниот и софистициран стил, со современ пристап кон класичната мода. Паралелно, Jack & Jones, еден од водечките европски брендови за машка облека, со урбан и секојдневен стил, кој за првпат се претставува со сопствен продажен простор на македонскиот пазар токму преку Diamond Mall. Овој месец се очекува и отворањето на Palma d’Oro, бренд кој нуди елегантен накит и стилски модни детали, како и Popeyes, светски познат американски синџир за брза храна, особено ценет по својата карактеристична луизијанска кујна.

Овие новитети ќе се надоврзат на неодамна отворените салони во Diamond Mall, меѓу кои Nine West, глобално познат бренд за обувки и модни додатоци, како и на Fayda Home, бренд специјализиран за мебел и уредување на домот, со современи и функционални решенија за ентериер. Од почетокот на годинава, пак, веќе се реализирани неколку нови продажни концепти, меѓу кои Dust and Cream, бренд за козметика и производи за лична нега со широк асортиман, Mr. Blade, модерен салон специјализиран за машки фризури и нега, како и Case Box, кој нуди широка палета на додатоци за мобилни уреди. Има содржини и за љубителите на здравиот живот и спортските активности.

Дел од понудата на Diamond Mall е Athletic Fitness, познат меѓународен фитнес центар кој е еден од најголемите во државата. Со современа опрема и пространи тренинг-зони, центарот привлекува широка публика, што се должи и на високото ниво на услуги. Со ваквиот широк избор, кој опфаќа мода, убавина, гастрономија и услуги, Diamond Mall не само што го модернизира својот изглед, туку и гради препознатлив идентитет како современ урбан центар. Комбинацијата на нови концепти, премиум и популарни брендови, но и вниманието посветено на целосното корисничко искуство, го позиционираат како значајна дестинација за шопинг, дружење и релаксација.

Најнови вести од: Македонија

Ѓуров и Јотова бараат примена на „Францускиот предлог“, што е негирање на македонскиот јазик и Македонците, кои уште во 1890 бараа од Цариград негова употреба!

Пишува: Свето Тоевски „Тогаш, кога седевме настрана со вето, сите од целата ЕУ беа против нас. Но со францускиот предлог успеавме да промениме – не да биде Бугарија против ЕУ, туку С.Македонија да биде против ЕУ. Успеавме нашиот став да го направиме став на ЕУ и тоа нè стави во многу посилна позиција, отколку кога […]

(Фото+Видео): Нова авиолинија Скопје-Тиват, наскоро директно од Скопје до црногорското приморје

Станува збор за реализација на договореното при неговата претходна посета на Подгорица, нагласувајќи дека новото авиоповрзување ќе има значење за зголемување на размената меѓу двете држави.

Пријавете се на работилницата на „Реплек“ со Марко Пејчиновски: „РЕсет за внатрешна сила. РЕсет за добросостојба“

Овие иницијативи се надополнување на бројните активности што компанијата континуирано ги реализира за своите вработени во рамките на платформата РЕсет, со цел поттикнување здрави животни навики, личен развој и целокупна добросостојба.

Мицкоски: Очекувам победа на ВМРО ДПМНЕ во Брвеница! Да се гласа не за етнички поделби, туку за подобар живот во Македонија!

Денеска ќе имаме завршно обраќање пред жителите на Брвеница. ВМРО-ДПМНЕ во секоја кампања влегува со цел да победи, така и во оваа кампања во Брвеница, во вториот круг. Во првиот круг имавме најмногу гласови, речиси 3000, очекуваме тој број на гласови да го зголемиме. Очекувам победа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата – изјави денеска премиерот и лидер на владејачката македонска партија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на вториот круг за избор на градоначалник на општина Брвеница.

Тачи: Албанските партии треба да се договорат за документ за целосна политичка и територијална автономија на Албанците во Македонија!

Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, меѓу другото, во емисијата „Дијалог“ на медиумската платформа на „Лајм“  зборуваше и за „потребата од постигнување договор меѓу албанските партии за одобрување на документот за целосна политичка и територијална автономија“.

Агатангел: ВМРО-ДПМНЕ ќе владее колку Тито, оваа Влада ја консолидира Македонија како држава и ги штити националните интереси!

Митрополитот Повардарски Агатангел изрази целосна поддршка за премиерот Христијан Мицкоски и актуелната Влада, оценувајќи дека државата е во сигурни раце, во интервју за телевизија „Алфа“, тој прогнозираше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе остане на власт онолку долго колку што владеел Јосип Броз Тито.

Наумовски: Победата на опозицискиот претседателски кандидат во Бугарија води до предвремени парламентарни избори

-Според некои анализи, тие имаат изгубено можеби две третини од гласовите од парламентарните избори и, според мене, тоа е прв показател дека поддршката која ја имаше Радев на парламентарните избори веќе е значително намалена. Се покажува дека релативно комотната позиција која Радев ја имаше како претседател на државата е различна од состојбата која сега ја има да решава проблеми како премиер, рече Наумовски. По социјалните мрежи имаше една шега дека има низок одѕив на изборите во Бугарија затоа што сите бугарски возови заминале во Србија Ова во „Наткаст“ на „Курир“ го изјави Васко Наумовски, универзитетски професор и поранешен вицепремиер за евроинтеграции.

Мицкоски: Достигнат е БДП од 20 милијарди долари, целта е 22 милијарди! – Опозицијата би се радувала РМ да потоне во нивното политичко мочуриште!

Податоците на Државниот завод за статистика за конечните бројки за 2024 за растот на бруто домашниот производ и ревидираните бројки за 2025 се во нагорна линија од 3,8 отсто, со што Владата ја постгна поставената цел до крајот на мандатот номиналниот бруто домашен производ да биде 20 милијарди долари, сега цели кон 22 милијарди долари, информира денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Најнови вести

To top