Македонија

Од 1.7.2025 Данска го презема претседавањето со ЕУ – Веќе ја посоветува Македонија „сама да го зграпчи евромоментот“ и да си го смени уставот

Под мотото „Силна Европа во светот што се менува“, Данска од утре, па до 31 декември 2025 година ќе претседава со Советот на Европската Унија, во кој период ќе работи на изградба на безбедна, конкурентна и зелена Европа. „ЕУ се соочува со нов меѓународен поредок обележан со неизвесност, глобална стратешка и економска конкуренција и зголемени […]

Под мотото „Силна Европа во светот што се менува“, Данска од утре, па до 31 декември 2025 година ќе претседава со Советот на Европската Унија, во кој период ќе работи на изградба на безбедна, конкурентна и зелена Европа.

„ЕУ се соочува со нов меѓународен поредок обележан со неизвесност, глобална стратешка и економска конкуренција и зголемени нивоа на конфликти. Затоа ЕУ мора да биде способна да дејствува самостојно. Силата на ЕУ, меѓу другото, лежи во европското единство, солидна економска основа, стабилни демократии и социјално балансирани општества. Оваа сила мора да продолжи да се развива и да се користи за промовирање и одбрана, како на европските интереси, така и на меѓународниот правен поредок.“ – се наведува во Програмата за работа на Данското претседателство.

Во документот се посочува дека Данското претседателство ќе работи на силна и решителна ЕУ што ја презема одговорноста за сопствената безбедност и за зајакнување на својата конкурентност, за што ќе биде потребно претворање на зборовите во дела и справување со предизвиците со кои се соочува Унијата. Како приоритети на Данското претседавање се наведени зајакнувањето на европската безбедност, подобрувањето на конкурентноста и зачувување на водечката позиција на Унијата во зелената транзиција, за која се вели дека е од суштинско значење за градење побезбедна и поконкурентна Европа.

При претставувањето на приоритетите на Претседателството данската министерка за европски прашања Мари Бјере посочи дека Данска го презема претседавањето со ЕУ, како што се наведува, „во услови на нова геополитичка реалност, со променливи политички ветрови што дуваат од САД и со се поагресивната Русија“„Приоритетите на Владата на Данска во претседавањето со ЕУ се внимателно избрани како одговор на итните предизвици, со кои се соочува Европа. За нас е важно да обезбедиме пред 2030 година Европа да може да се одбрани. Постои итна потреба да се подобри конкурентноста на Европа. Поради овие причини, зајакнувањето на одбраната на Европа и отстранувањето на оптоварувачките регулативи, истовремено со одржувањето на зелената транзиција, ќе бидат два од најважните приоритети за Данското претседателство со ЕУ.“ – изјави Бјере.

Данското претседателство со ЕУ најавува и продолжување на поддршката за Украина и изнаоѓање нови и иновативни решенија за предизвиците на Унијата во врска со нерегуларната миграција за да може да се контролира приливот на илегални мигранти во Унијата. Данска ќе се стреми и за постигнување напредок во рамките на процесот на проширување, за да можат да се преземат конкретни чекори напред во преговорите со земјите кандидатки за членство. „Колку далеку ќе можеме да стигнеме ќе зависи и од самите земји и резултатите, што ќе ги постигнат во сеопфатните реформски процеси, кои ќе ги доближат до ЕУ.“ – се посочува натаму во Програмата за работа на Данското претседателство.

Според Данска, понатамошното проширување на ЕУ е геополитичка неопходност, како единствениот начин ЕУ ефикасно да придонесе за стабилизирање на европскиот континент и зајакнување на отпорноста на земјите ранливи на несакано надворешно влијание. „Затоа, Данското претседателство ќе работи амбициозно на промовирање на проширување на Унијата врз основа на заслуги и ќе ја подготви ЕУ за проширување преку внатрешни реформи. Согласно тоа, Данското претседателство ќе ги унапреди преговорите за проширување со Украина, Молдавија и Западниот Балкан.“ – се истакнува во Програмата.

Во тој документ се посочува дека проширувањето е тесно поврзано со напорите за почитување на фундаменталните вредности на ЕУ за демократија и владеење на правото. „Исто така, ќе работиме на зајакнување и продлабочување на односите на ЕУ со Велика Британија и другите западноевропски земји, кои не се членки на ЕУ.“ – стои во Програмата.

Данска го презема претседавањето со Советот на ЕУ од Полска, чии приоритетите беа поврзани со зајакнувањето на безбедноста на Европа во сите нејзини аспекти, објави Македонската информативна агенција – МИА.

Инаку, на 18 јуни 2025 година при својата посета на Република Македонија и средбата со македонскиот министер за евроинтеграции Орхан Муртезани, министерката за европски прашања на Данска Мари Бјере изјави: „Моментумот е тука, зграпчете го. Ние, како идно претседателство и за време на претседателството, не можеме да го туркаме ова сами. Мора да работиме конструктивно заедно. Заедно со С.Македонија треба да видиме каде можеме да го постигнеме напредокот. Треба напредок да се направи и од С.Македонија, да се преземат чекорите кои се неопходните измени, за да ѝ се придружите на ЕУ.“

Најнови вести од: Македонија

Во ЕУ расте бројот на лица, што живеат сами! – Во Германија од 41 милион домаќинства дури 42 отсто биле едночлени лани!

Во Европската Унија минатата година 16,5 проценти од населението живеело во едночлени домаќинства, а најголем удел на лицата кои живеат сами е регистриран во скандинавските и во балтичките земји, покажуваат податоците на европската статистичка агенција Евростат. Над европскиот просек е и Германија, каде што секој петти жител, односно 20,9 проценти од вкупно околу 84 милиони жители, живеел сам, соопшти германскиот Сојузен завод за статистика „Дестатис“.

Сиљановска-Давкова: Струшките вечери на поезијата веќе 65 години ги поврзуваат светските меридијани, a Струга е најпоетскиот град на планетава

Струшките вечери на поезијата, поетски дом, кој веќе 65 лета поврзува меридијани, го соединува и обединува светскиот поетски сој со љубителите и почитувачите на убавата реч во старата, но витална Струшка бунтовна република на поетите, кои се борат за подобар и похуман живот. Шест и пол децении сме благословени да бидеме домаќини на мајсторите на јазикот и алхемичарите на мислата, преточувајќи ги во естетика и етика, истакна вечерва од Струга претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прогласувајќи ги за отворени 65. Струшки вечери на поезијата.

Петрушевски: СДС одработува за интересите на Бугарија, мислејќи дека така ќе дојдат на власт! Се соочуваме со странско мешање во внатрешните работи на Македонија!

Бране Петрушевски, пратеник во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва гостуваше во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија, при што се осврна на односите на Република Македонија со источниот сосед Бугарија како и случувањата поврзани со јавно споделената дипломатска нота во која беа содржани информации за патувањето на членовите на најтесниот круг на семејството на премиерот Мицкоски, кое како што рече Петрушевски претставува невиден скандал во дипломатските односи и прекршување на истите.

Најава дека „тетовчани в петок ќе се кренат против одлуката на Уставниот суд за промената на имињата на улиците во Тетово“!

„Тетовчани ќе се кренат во петок! Плоштадот Илирија нема да стане ‘Маршал Тито’, колку и да сонува некој за такво нешто.“ – објави на својот фејсбук-профил Рами Мислими, новинар, политички аналитичар и сопственик на албанскиот информативен портал на албански јазик „Тетова сот“ од Тетово. Неговата објава под наслов „Имињата на улици во Тетово: тетовчани ќе се кренат в петок против Билал Касами“ ја пренесоа овој портал и други медиуми на албански јазик во Македонија.

Екстрадиран Саит Саитов кој во јануари избега во Србија откако прегази жена во Капиштец

Деветнаесетгодишниот Саит Саитов од Скопје, кој беше баран со меѓународна потерница распишана од МВР на 12 јануари, денеска е екстрадиран од Србија во нашата земја, информира Министерството за внатрешни работи. МВР објави дека на Саитов му е определена мерка притвор и дека е предаден во затворот „Скопје“ за понатамошна постапка

Најнови вести

To top