Македонија

Од утре уште ден продолжен викенд – за десетина дена и друг

Првиот продолжен викенд месецов започнува утре, 10 октомври, а повод е одбележувањето на 11 Октомври – Денот на народното востание.

Бидејќи празникот годинава се паѓа во недела, понеделник, 12 октомври, ќе биде неработен ден за сите граѓани. На тој начин, оние што имаат слободни сабота и недела ќе можат да уживаат во три последователни неработни дена.
Само единаесет дена подоцна, на 23 октомври, петок, се одбележува Денот на македонската револуционерна борба. И овој празник е неработен за сите граѓани, што значи дека следува уште еден тридневен викенд.

 

По октомвриските празници, последниот неработен ден за сите граѓани во 2026 година е 8 декември – „Св. Климент Охридски“, кој годинава се паѓа во вторник.

Најнови вести од: Македонија

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани 

Во периодот од декември 2025 година до април 2026 година, преку мобилна апликација и со ветување за наводни добивки навеле голем број граѓани од целата држава да вложуваат финансиски средства на лажна интернет платформа

To top