Со симболично пуштање виолетови балони, на Универзитетската клиника за детски болести денес беше одбележан Светскиот ден на предвремено родените деца, кој традиционално се одбележува секоја година на 15 ноември.
Активноста беше организирана со цел да се подигне свеста за предизвиците со кои се соочуваат предвремено родените бебиња и нивните семејства, но и да се истакне значењето на современата неонатолошка грижа.
Виолетовата боја е симбол на чувствителноста, храброста и надежта, а пуштените балони претставуваат знак на поддршка и солидарност со најмалите херои и нивните семејства.
Од Клиниката порачуваат дека секое бебе заслужува шанса за живот, здрав почеток и сигурна иднина, повикувајќи на подобра грижа и еднакви можности за сите предвремено родени деца.