Македонија

Одбележани 50 години од смртта на Никола Бадев

Во негова чест се одржа и свечена академија, посветена на животот, творештвото и трајното наследство на човекот чиј глас и денес живее во македонската народна песна

По повод одбележувањето на 50 години од смртта на големиот македонски интерпретатор Никола Бадев, денес беше положено свежо цвеќе пред неговиот споменик, во знак на почит и благодарност кон неговото непроценливо дело, објави градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев.
Во негова чест се одржа и свечена академија, посветена на животот, творештвото и трајното наследство на човекот чиј глас и денес живее во македонската народна песна.
Никола Бадев остави неизбришлива трага во македонската музичка традиција, а неговите песни продолжуваат да се пеат и да ги поврзуваат генерациите.
Вечна му слава и благодарност, објави Јанчев на социјалните мрежи.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top