Македонија

ООУ „Вера Циривири-Трена“ дел од меѓународен проект за поврзување на училиштето и семејството преку STEAM учење

Прирачникот можете да го најдете на веб-страницата на проектот FASTEAM: https://learninghubfriesland.wixsite.com/…/together-tool

ООУ „Вера Циривири-Трена“, како партнер во меѓународен проект, заедно со партнерски организации од Холандија, Хрватска и Словенија, учествуваше во развојот на TOGETHER Tool – практичен прирачник чија цел е да го зајакне поврзувањето меѓу училиштето и семејството преку заедничко STEAM учење. Алатката е наменета за наставници и родители и содржи практични насоки, идеи и активности преку кои науката, технологијата, инженерството, уметноста и математиката се поврзуваат со ситуации и предизвици од секојдневниот живот. Она што го издвојува TOGETHER Tool е акцентот на заедничкото учење и истражување.

Децата и родителите се поттикнуваат заедно да поставуваат прашања, да експериментираат, да размислуваат, да создаваат и да бараат различни решенија. На тој начин, учењето станува можност за разговор, соработка и квалитетно поминато време во семејството. Прирачникот нуди разновидни активности што можат да се реализираат и во домашни услови, со едноставни материјали. Преку практична и забавна работа, учениците ги применуваат стекнатите знаења и ги развиваат љубопитноста, креативноста, критичкото размислување и вештините за решавање проблеми. Учеството на ООУ „Вера Циривири-Трена“ во создавањето на оваа алатка претставува значајно искуство и можност за размена на знаења и добри практики со образовни партнери од повеќе европски земји.

Преку заедничката работа, партнерите создадоа ресурс што може практично да се применува во училиштата и семејствата. Конечната верзија на TOGETHER Tool е достапна онлајн и отворена за наставници, родители и сите заинтересирани за примена на современи, креативни и практични STEAM активности во процесот на учење. Со ваквите иницијативи, училиштето и семејството стануваат уште посилни партнери во образованието на децата, а учењето – заедничко истражување, создавање и откривање.

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

To top