Македонија

Општина Сарај исплаќала илјадници евра субвенции и паушали без фактура, констатира ревизорот

Ревизијата открива дека спортско-рекреативниот објект и базен во Сарај издаден е под закуп на период од 25 години, без спроведување на законски пропишаната постапка за долгорочен закуп

Општината Сарај во 2024 година исплатила речиси половина милион евра субвенции на јавни претпријатија без програма и без приложени фактури, ангажирала лица по договор за дело за редовни административни работи со месечни паушални исплати за речиси 100.000 евра и финансирала здруженија и поединици за над 70.000 евра без извршена евалуација и без правилник со критериуми за распределба на средствата, покажува ревизијата на финансиското работење на општината, направена од Државниот завод за ревизија.

Според извештајот, Сарај има неевидентиран имот, инфраструктурни објекти кои се користат но немаат технички прием, како и незаконски спроведена постапка за 25- годишен даден закуп на Спортско-рекреативниот објект и базен во Сарај. Ревизорите констатирале дека Општина Сарај се соочува со слабости во процесот на буџетирање, сметководствено евидентирање и процена на имотот, несоодветно субвенционирање на ЈП, незаконски спроведена постапка за даден под закуп „Спортско-рекреативниот објект и базен во Сарај“ на 25 години и неправилности при спроведување на јавните набавки во однос на предметот на набавка, изведени активности надвор од  техничката спецификација и пречекорување на вредносни прагови.

„Субвенции во износ 487.805 евра се исплатени на ЈКП „Сарај“ и ЈП „Акциос“, без донесена програма за субвенционирање и без приложени фактури и поткрепувачка документација за извршените активности по годишниот оперативен план. Општината исплатила 93.415 евра за ангажирање лица по договор за дело за редовни административни работи, во континуитет за период подолг од две години, 17.560 евра за адвокатски услуги, врз основа на склучен договор на месечен паушал, што отстапува од тарифниот модел на пресметка и 71.740 евра на млади талентирани ученици, здруженија на граѓани, фондации, спортски клубови, поединци и
институции кои вршат дејности од јавен интерес, без извршена евалуација и без правилник со критериуми за распределба на средствата“, откриваат ревизорите.

Дел од недвижниот имот на општината, не е проценет и сметководствено евидентиран, а капиталните вложувања за 2024 година, во износ 2,3 милиони евра не се евидентирани како материјални средства во подготовка. Ревизијата открива дека спортско-рекреативниот објект и базен во Сарај издаден е под закуп на период од 25 години, без спроведување на законски пропишаната постапка за долгорочен закуп, каде секој договор за користење на недвижен имот што надминува 10 години се смета за постапка за трајно отуѓување или долгорочен закуп и за правно валидно издавање на тој имот, мора да следи посебна постапка, согласности и дополнителни одобренија.

Ревизорите констатираат дека не се евидентирани побарувања од комунална такса за користење простор и поставување на витрини за изложување на стоки пред деловни простории, надоместоци за легализација на бесправно изградени објекти и за уредување на градежно земјиште. По основ на данок на имот и комунална такса за фирма општината искажала помалку побарувањаза над 400.000 евра и не извршила попис на средствата и обврските и усогласување на сметководствената со фактичката состојба.
Во општината постојат и повеќе инфраструктурни објекти како примарна и секундарна канализациона мрежа, системи за одведување и пречистување на отпадни води, за водоснабдување, изградба и реконструкција на локални улици и патишта, со вредност од над два милиони евра кои немаат документација за извршен технички прием, и покрај тоа што се користат, не се официјално воведени во употреба и се водат како инвестиции во тек без да се пресметува амортизација.

„Општината нема изготвено и доставено до Советот Предлог-план на програмите за развој, а во усвоениот буџет не се опфатени програмите за јавна чистота, улично осветлување, одржување зеленило, субвенционирање јавни претпријатија, заштита и спасување и родова еднаквост“, констатира ревизијата.

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top