Македонија

Основното училиште „Гоце Делчев“ – Аеродром добива 6 нови училници

Со новата доградба и паралелните проекти за модернизација на системот за греење, училиштето ќе добие современи услови за работа, а учениците и наставниците подобра и поеколошка средина за учење.

Во Основното училиште „Гоце Делчев“ – Општина Аеродром денеска беше поставен камен-темелник за изградба на шест нови училници. Инвестицијата, вредна 72 милиони денари, е поддржана од Владата и Министерството за образование и наука, а целта е создавање современи услови за учениците и наставниците, како и можност за воведување едносменска настава.

Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, нагласи дека проектот создава подобри услови за сите деца.

„Денес, еден ден по годишнината од смртта на Гоце Делчев, симболично сме во училиштето што го носи неговото име и поставуваме камен-темелник за шест нови училници. Со оваа инвестиција создаваме подобри услови за сите деца, но и можност за едносменска настава, што е заложба на Владата и на општините“, рече градоначалникот.

Како што дополни, започнуваат и проект за замена на системот за греење и внатрешната инсталација, со што, како што рече, ќе се обезбеди поеколошка и поекономична средина за учениците.

„Започнуваме уште еден дополнителен проект – комплетна замена на системот за греење во Основното училиште ‘Гоце Делчев’, детската градинка ‘Лавче’ и спортската сала која е придружен објект на училиштето. Нафтата како примарен систем за загревање ќе биде заменета со нови топлински пумпи кои се многу поеколошки и значително ги намалуваат трошоците за електрична енергија во зимскиот период“, рече градоначалникот.

Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, истакна дека вложувањето во инфраструктурата е суштински дел од визијата за иднината.

„Не е доволно само вербално да промовираме дека младите се наша иднина. Денес покажуваме дека треба и конкретно да се делува за тие навистина да станат наша иднина. Во училиштето ‘Гоце Делчев’ обезбедуваме услови за подобра настава и подобри работни места за наставниците, што ќе придонесе за квалитетот на образованието – неопходен за просперитетот на државата. Во моментов имаме 80 активни проекти низ државата и продолжуваме да го исполнуваме она што сме го ветиле“, рече таа.

Премиерот Христијан Мицкоски ја нагласи континуираната работа на Владата за подобрување на животниот стандард.

„Уште еден ден, уште еден нов проект, уште една нова доградба на училиштето. Тоа е нашата инспирација овие речиси две години – што повеќе проекти, што повеќе додадена вредност во квалитетот на животот на граѓаните. Благодарност до сите кои придонесуваат овие проекти да се реализираат, за нашите најмлади да добијат соодветни услови за образование и стекнување знаење. Тие се нашата иднина и тие се тие кои утре ќе ја водат Македонија“, рече премиерот.

Со новата доградба и паралелните проекти за модернизација на системот за греење, училиштето „Гоце Делчев“ ќе добие современи услови за работа, а учениците и наставниците подобра и поеколошка средина за учење.

Најнови вести од: Македонија

Минчев: Крај на неоправданото ширење на државниот апарат: дирекции и комисии постоеа сами за себе, трошеа народни пари, а не одговараа пред никого!

„Повеќе од 20 години јавната администрација беше свесно распарчувана и претворана во мозаик од институционални феуди. Секоја политичка криза, секој партиски договор во минатото, се плаќаше со создавање нови агенции, паралелни дирекции и непотребни комисии, кои постоеа сами за себе, трошеа народни пари, а не одговараа пред никого. Граѓаните и стопанството со години беа туркани во лавиринти од преклопени надлежности, каде што секој орган креваше раменици, а никој не ја преземаше одговорноста за лошите резултати” – предупреди министерот за јавна администрација Горан Минчев на јавна стручна дискусија во Скопје.

Градоначалникот на Аеродром Митески објави несовесна граѓанка како создава незаконска депонија, оставајќи стар мебел до контејнери

„Ова не е невнимание. Ова е неодговорност! Среде бел ден, на само неколку метри од контејнерите, се остава стар мебел и се создава нова дива депонија.“ – истакна на својот фејсбук-профил градоначалникот на Аеродром Дејан Митески, објавувајќи и фотографии на граѓанка од Аеродром, која други граѓани ја затекнале како остава стар мебел во близина на контејнери за смет, па потоа ја пријавиле.

ВМРО ДПМНЕ: Дипломатската способност на СДС и Филипче ја паметиме по домат дипломатијата, руските пранкери и лажниот принц, со кого Заев имаше средба

„Се јавија од партијата, чиј поранешен претседател и духовен гуру на Филипче, Заев, имаше средба со Стефан Чернетиќ од Торонто, кој лажно се претставувал како принц на Македонија и Црна Гора. Толку од дипломатската способност на Заев и Филипче.“ – истакнува ВМРО ДПМНЕ во своето соопштение.

Клековски денеска се вакцинира против сезонски грип: Ги повикувам граѓаните да се пријават час поскоро за бесплатната вакцинација

„Вакцинацијата против сезонски грип е најдобра и најефикасна мерка за спречување на ова заболување. Токму затоа денеска со личен пример укажав на важноста од навремената заштита на здравјето, посебно кај оние групи на население, кои се изложени на опасност. Вакцинацијата докажано спречува појава на потешки форми, компликации и смртен исход од сезонскиот грип.“ – нагласи министерот за здравство Сашо Клековски.

To top