Македонија

Оставил трага и на Вол Стрит – Адора Инжинеринг објави омаж за својот менаџер Душко Чифлиганец

Компанијата открива малку познати работи за младиот бизнисмен

Компанијата Адора Инжинеринг објави омаж за својот менаџер Душко Чифлиганец во кој се откриваат малку познати работи за младиот човек, меѓу другото и дека ја поставил првата македонската компанија на Њујоршката берза.

 

,,На 3 август 2025, на 32 години, трагично го загубивме Душко Чифлиганец – заменик-претседател на Адора Бизнис Групацијата. Почина во спортска сообраќајна несреќа”, стои во омажите кој го пренесуваме во целост:

 

Душко беше визионер и лидер со јасна цел – раст, иновации и човечност. Под негово водство, Адора се прошири во енергетика, акционерство, хотелиерство и фасилити.

 

Дипломиран економист од American University in Dubai, кариерата ја почна со сопствена компанија за здрава исхрана.

 

Негов потпис носат проекти како:

• Adora Flatiron Skopje (2017)

• Diamond Garden by Adora (2018)

• 21st Century Zlatibor Residence & Spa (2023)

• Влез на Адора во енергетика (2021)

 

Во 2024 започна голем проект во Љубљана, Словенија, со цел проширување во Европа, но за жал – не успеа да го доврши.

 

Започна со основање на инвестициски фонд и остави трага на Вол Стрит преку Prime Capital by Adora, прва македонска компанија акредитирана од New York SEC.

 

Филантропски, преку партнерство со Фондацијата „Новак Ѓоковиќ“, помогна во отворање детска градинка во Златибор.

 

Покрај деловниот успех, Душко беше и страстен спортист – добитник на бројни награди во мото спортот, вклучувајќи и европска титула, со што ја направи Македонија горда на меѓународната сцена.

 

Со своите зборови ќе остане запаметен:

 

„Пред сè, треба да бидеме луѓе.“

 

Душко беше добар човек, сакан син, брат, пријател и визионер.

 

Почивај во мир. Засекогаш ќе недостасуваш.

 

„Секоја ноќ бидете благодарни за тоа

што било, и секое утро за тоа што ќе биде.

Секој ден во кој се будиме здрави, е нова шанса

за љубов, среќа и животот што го посакуваме.

Добрата мисла, мирниот ум и спокојот, нека

Ве водат низ животот. Споделете ја љубовта

со луѓето кои ги сакате и бидете блиску до нив.

Верувајте во Бог, тој секогаш знае најдобро.

Амин.‟

– Душко Чифлиганец

 

Фото: Адора инженеринг

Најнови вести од: Македонија

Ревизорите прашуваат: Како „ЕСМ“ фрли во ветер милиони на тендери без пазарна трка и контрола?!

Државниот завод за ревизија утврди низа неправилности во јавните набавки на АД ЕСМ за 2024, период во кој компанијата презела обврски од 8,8 милијарди денари. Извештајот открива дека дури во 93 отсто од ревидираните постапки учествувал само еден понудувач или само една понуда била оценета како прифатлива. Наместо слободна пазарна конкуренција, енергетскиот гигант фаворизирал постапки со преговарање во четири очи и селективни критериуми.

Затвор 45 дена за Сашка Стојановска (45) од Скопје, оти во јули 2026 уби куче – прогласена „намалено пресметлива“!

Основниот суд во Улцињ ја прогласи за виновна 43-годишната Сашка Стојановска од Скопје за кривично дело „убивање и мачење животни и разорување на нивното живеалиште“ и ја осуди на 45 дена затвор, пренесуваат црногорските медиуми. Како што се наведува во пресудата, Стојановска на 24 јули околу 15 часот, во Улцињ, на булеварот Теута во населбата […]

Генијалецот Македон Димитровски со само 12 години е примен на Програмата за талентирани млади на „Џонс Хопкинс“ во САД!

Голем успех на само 12 години постигна Македон, кој е примен во престижната Програма, наменета за ученици со исклучителни академски способности од целиот свет.

Стојановски: ДКСК да ја изработи анализата за законот за Скопје „Европска престолнина на културата“ и да ја достави до предлагачите

Пратеникот Бојан Стојановски од ВМРО-ДПМНЕ денеска од собраниска говорница рече дека тој и уште 24 други пратеници 45 дена од Државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси чекаат антикорупциска анализа на закон за спроведување на проектот Скопје Европска престолнина на културата.

Михаилов по апсењето на дрвокрадците, кои нападнаа шумари и полицајци во Банско: Најчесто завршуваат вака! (Видео)

Заменик-директорот на „Национални шуми“ Кире Михаилов во објава на фејсбук реагираше на последните случаи на напади врз службени лица од криминалци-дрвокрадци.Тој објави видео запис од уапсените дрвокрадци. Според МВР, на 13 септември, околу пладнето во село Банско, Струмичко, полициски службеници биле нападнати од дрвокрадци, додека се обидувале да им извршат контрола.

Музика, улични изведби, базар и детски работилници на „Звуците на културата во Ѓорче 2026“

Во рамките на „Денови на Општина Ѓорче Петров 2026“, продолжува манифестацијата „Звуците на културата во Ѓорче 2026“, која носи програма наменета за посетители од различни генерации

Најнови вести

To top