Македонија

Осумдесет и две години од стрелањето на 12-те младинци во Ваташа

Со полагање на свежо цвеќе и пригодна програма, денеска во месноста Моклиште кај селото Ваташа беше одбележана 82-годишнината од бруталното стрелање на 12-те младинци. На денешен ден, пред 82 години – на 16 јуни 1943 година – во близина на селото Ваташа, фашистичкиот окупатор безмилосно ги стрелаше 12 македонски младинци. Тие беа симбол на младешкиот […]

Со полагање на свежо цвеќе и пригодна програма, денеска во месноста Моклиште кај селото Ваташа беше одбележана 82-годишнината од бруталното стрелање на 12-те младинци.

На денешен ден, пред 82 години – на 16 јуни 1943 година – во близина на селото Ваташа, фашистичкиот окупатор безмилосно ги стрелаше 12 македонски младинци. Тие беа симбол на младешкиот порив за слобода, на отпорот против фашизмот и на жртвата за татковината.

Младите, на возраст меѓу 15 и 25 години, беа уапсени и под лажно изговорени причини изведени над селото, каде што беа масакрирани. Без суд, без милост – само затоа што ги сакале правдата и слободата. Злосторството било извршено од бугарски фашистички единици, кои во тој период го тероризирале регионот.

„Тие беа млади – со соништа, со љубови, со живот пред себе. Но, во мигот кога слободата беше задушена, тие не молчеа. Не се скрија. Се исправија. Се издигнаа. Со голи раце, но со огнени срца, го избраа отпорот наместо покорот. Правдата наместо стравот. Македонија – наместо себеси“, рече меѓу другото, кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.

Тие беа обични момчиња, истакна тој, а станаа вечни херои.

„Никогаш нема да дозволиме да бидат заборавени“, подвлече градоначалникот.

Во рамки на настанот беше одржан и историски час од страна на кустос-историчар Натка Китева од Музеј галеријата во Кавадарци.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова на Самитот на ЕПЗ во Даблин: Европа не треба да си дозволи да остане недоволно поврзана со Западен Балкан

„Секое одложување на поврзувањето е пропуштена можност. Секоја одложена инвестиција има економска последица. И секоја политичка цел има цена којашто не ја плаќаат институциите, туку граѓаните“

(Видео): Филипче лаже за Алта банка – немало забрана за работа во ЕУ за банката, тврди ВМРО-ДПМНЕ

Портпаролот на партијата, Валентин Манасиевски, на прес-конференција го обвини претседателот на СДСМ, Венко Филипче, дека шири невистини за банката и за нејзиниот сопственик Давор Мацура.

(Видео): СДСМ поднесе кривична пријава за Трајко Славески – бара да му се воведат мерки на претпазливост

СДСМ бара мерки на претпазливост за Трајко Славески и за останатите лица, вклучително привремена забрана за вршење должности на сите инволвирани, за, како што рече Димитријевиќ, да се спречи влијание врз сведоците и можно уништување на документацијата.

Стојаноски: СДСМ бега од вистината за Алта банка, бараме итно продолжување на надѕорната расправа

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски денеска изјави дека СДСМ одбива да свика продолжение на надѕорната расправа за Алта банка, по вчерашните случувања на седницата.

Порибено Преспанското Езеро со речиси 7 илјади млади крапови

Порибувањето е спроведено од страна на регистрираното мрестилиште „Акватика“ од Неготино за чија реализација се обезбедени 500.000 денари од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство преку Програмата за финансиска поддршка во рибарството и аквакултурата за 2026 година.

„Н.М.“: Пукнатините во ЕУ се сè подлабоки! Каква доверба во неа да има Македонија, кога чека со години пред нејзините врати?!

Европа сè поретко е на главните маси на кои се носат важните геополитички одлуки, а сè почесто е во улога на набљудувач, коментатор или спореден учесник на настаните. Земјите- членки на ЕУ ја користат секоја можност пред донесувањето на заедничките одлуки да се осврнат на своите национални потреби како приоритетни, дури и кога станува збор за интереси на целата Унија. Во ЕУ се редат закани со блокади, финансиски условувања и национални калкулации. Каква доверба во таква Европа треба да имаат земјите кандидати, што со години чекаат пред нејзините врати? – ова се истакнува во анализата со наслов „Пукнатините во ЕУ сè повеќе се продлабочуваат! “, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

To top